ТАТКО МИ МЕ СИЛУВАШЕ додека МАЈКА МИ лежеше „мртва пијана“: Исповед на девојчето кое преживеало пекол

„Научив да чувам тајна, научив да молчам за таткото кој ме силуваше. Секој пат кога ме силуваше беше пијан, а јас плачев и го преколнував да престане“, раскажала 14-годишната Карина.Карина имала само девет години кога до доживеала првото семејно насилство кое оставило огромна лузна во нејзиниот живот и врз нејзината личност. Таа денес има 14 години и одлучила да раскаже како изгледало нејзиното детство во кое доживеала различни малтретирања, силувања и тортури.
Сè започнало кога се облекувала после туширање, а нејзиниот татко влегол во нејзината соба. Бил пијан, ја турнал на кревет, а потоа почнал да ја допира и да ѝ шепоти: „Ако кажеш некому, ќе те убијам“.
Таа не сфаќала што се случува, освен што ѝ било јасно дека насилниот татко ја нападнал. „Секој пат кога ме силуваше беше пијан, а јас плачев и го преколнував да престане. И мојата мајка беше алкохоличар и ништо не слушаше. Татко ми честопати знаеше до крв да ја претепа мојата мајка пред мене и пред моите браќа и постарите сестри“, раскажало девојчето, пишува „The Daily Beast”.
Полицијата и социјалните работници слушаат вакви приказни секојдневно во сите земји ширум светот, но во Молдавија се навистина чести. Тоа се приказни кои ја рефлектираат очајната состојба во општеството кое е на раб од колапс, во кое семејството насилство е нормална работа, како и трговијата со луѓе.
„Таткото на Карина не е педофил. Тој е урнатина од човек, училишен пример за сосема пропадната личност и човечност“, рекла Лидија Горцеаг која работи како психолог со Карина.
Мајката на Карина повремено гледала како нејзиниот сопруг ја силува нивната ќерка, но никогаш не повикала полиција. Полиција не повикале ниту другите членови на семејството, ниту нејзините учители на училиште.

 
Минатата година, нејзиниот татко бил конечно осуден. Добил казна од 18 години во затвор. Карина ја разделиле од нејзината мајка алкохоличарка и ја сместиле во засолниште кое е привремено сместување за уште 500 жртви, што претставува двојно поголем број од жртвите во претходната година. Со Карина има и едно девојче на 13 години.
„Ми требаше засолниште бидејќи со сопствени очи гледав како мојот дедо ја спржи баба ми на оган, а потоа со секира ја удираше мајка ми по глава. Мојата мајка поради траумата заболе од шизофренија“, раскажало 13-годишното девојче.
Социјалните работници во Молдавија истакнуваат дека децата кои се жртви на сексуално и семејно насилство, се совршена мета на трговците со луѓе, бизнис кој во Молдавија цвета од година во година.
Од 2000 година па навака, Меѓународната организација за миграција во Молдавија забележала 3.244 жртви на семејно насилство и трговија со луѓе. Имало и многу случаи на девојки кои се враќале дома откако деноноќно работеле како сексуални робинки во Европа, Турција или во некоја од земјите на исток.
Денес во Молдавија постои закон кој забранува трговија со луѓе, но шверцерите нашле многу „дупки“ во тој закон, а една од нивните можни мети е и Карина која нема да може уште долго време да остане во тоа засолниште.Карина имала само девет години кога до доживеала првото семејно насилство кое оставило огромна лузна во нејзиниот живот и врз нејзината личност. Та

Пронајдете не на следниве мрежи: