Еден Американец потпиша договор со својата 14 годишна ќерка според кој таа нема да може да ја користи оваа социјална мрежа до крајот на јуни, а тој за тоа ќе и плати 200 долари.Пол Баиер договорот со ќерката го потпишал пред неколку дена и во него е наведено дека таа ќе му даде шифра на својот профил за Фејсбук што тој ќе ја промени и ќе го деактивира профилот за да биде сигурен дека таа нема да го користи, а ако до средината на април не пристапи до мрежата, ќе добие 50 долари, односно ако издржи до 26 јуни ќе добие уште 150 долари.Она што е посебно интересно е што потпишувањето на договорот за некористење на Фејсбук не е идеја на Пол, туку на неговата ќерка. Итрата тинејџерка сакала да заработи пари, па рекла на татка си дека нема да биде на Фејсбук одредено време доколку тој и плати за тоа.Исто така, рекла дека оваа мрежа и досадила, така што избегнувањето на Фејсбук нема да и биде проблем, а покрај тоа, ќе заработи и некоја пара.
Макфакс Еден Американец потпиша договор со својата 14 годишна ќерка според кој таа нема да може да ја користи оваа социјална мрежа до крајот на