Петнаесетгодишната Рикара Шок има „опасен“ татко, кој пред завршниот училишен танц се заканил на нејзиното момче: „Внимавај што правиш, бидејќи што и да ѝ сториш на мојата ќерка, јас ќе ти сторам тебе! Се работело само за шала, но тато бенџамин сепак ја остварил заканата.„Мојот сопруг е всушност многу добар, а тој ден малку се шалеле во стил ‘внимавај што правиш’“, објаснила мајката на Рикара, која инаку е професионална фотографка, а снимила духовита фотографија која го обиколи светот.
Откако Рикара и нејзиното момче бангор се фотографирале во дворот од куќата, „опасниот“ татко ја остварил заканата и навистина го сторил она што Бангор ѝ го сторил на Рикара- го прегрнал и се фотографирал со него.
Мајката додала натпис, а фотографијата потоа ја погледнале повеќе од три милиони пати.
Таа признала дека се изненадила од попларноста на фотографијата, но таа вест воедно го израдувала цело семејство.
Инаку, тато Бенџамин боледува од повеќе тумори на мозокот, па малку смеа и голема поддршка ове денови им е и повеќе од потребна.„Мојот сопруг е всушност многу добар, а тој ден малку се шалеле во стил ‘внимавај што правиш’“, објаснила мајката на Рикара



