Таткото на Тијана открива: Убиецот на мојата ќерка во судот…

Се надевав дека во обвинението ќе го видам Драган Ѓуриќ. Сакав да го погледнам во очи и да го прашам зошто ми го уби детето, но тој не сакаше да дојде. Родителите на Тијана Игор и Мирјана Јуриќ  вчера беа сослушани за потребите  на истрагата за ужасното злосторство кое ја потресе Србија.Апсолутно се придржуваме кон кривичното гонење на Ѓуриќ и нема да се помириме со казна помала од 40 години затвор! Верувам дека убиецот, кој нашата Тијана со ниту една своја постапка не го предизвикала, ќе добие максимална казна и дека за него нема да постои никакво помилување. Било која друга казна за нас, но и за државата  би била пораз“, изјавил Јуриќ.
Тој вели дека на вчерашното сослушување не присуствувал ниту адвокатот на Ѓуриќ, Виктор Гостиљац.
„Ме загрижува кој всушност го ангажирал адвокатот Гостиљац и кој го плаќа сето тоа. Роднините на Ѓуриќ изјавија дека тој нема пари, а сега го ангажира Гостиљац, кој важи за скап адвокат“, рекол Игор.
Таткото на Тијана вели дека оној, кој го спонзорира Драган Ѓуриќ, е истовремено соучесник во убиството, без оглед на тоа што тој не бил на местото на злосторството.

„Многу ми е тешко. Сфаќам дека секоја личност има право на одбрана, но ме интересира кој му помага сега или претходно му помагал“, се прашува Јуриќ.
Тој нагласил дека сослушувањето му паднало многу тешко и дека никој не може да замисли како тој се чувствува.
„Сознанието како се случило убиството  на мојата ќерка дополнително ме погоди и дури сега планирам да започнам вистинска борба“.
Повеќе детали за истрагата на следниот линкАпсолутно се придржуваме кон кривичното гонење на Ѓуриќ и нема да се помириме со казна помала од 40 години затвор! Верувам дека убиецот, кој нашата

Пронајдете не на следниве мрежи: