Таткото врескал за помош додека синовите му се лизгале низ прстите

Фотографијата на безживотното тело на три- годишниот Илан кој со родителите се обидел да се дограби до мирен и достоинствен живот стана симбол на страдањето на се поголем број бегалци.Абдулах ал- Курди сакал само да му приушти на своето семејство убав живот, а остана сам на светот. Фотографијата на безживотното тело на неговиот син кого морето го исфрлило на копно стана симбол на страдањата на илјадници луѓе кои ризикуваат се за да побегнат од сиријскиот пекол и да се обидат да стигнат до запад и достоинствен живот.
Ал- Курди два пати се обидел да го доведе своето семејство до ЕУ. Првиот пат трудот му бил залуден, вториот пат бил кобен. Откако во Егејското море се превртел чамец во кој неговото семејство заедно со уште 13 луѓе од Турција се обиделе да стигнат до турскиот остров Кос, неговата сопруга Рехан (35) и синовите Галип (5) и Илан (3) се удавиле.
Абдулах очајнички се обидувал да ги спаси.
Организаторот ги измамил, сами набавиле чамец
Првиот пат кога Ал- Курди со семејството се обидел да дојде до ЕУ ги застанала копнената стража. Вториот пат ги измамиле организаторите на кои им платиле, а тие не нашле брод. Затоа сами се организирале и набавиле чамец.

 
„Веќе после 500 метри од плажата водата почна да продира. Нозете ни беа потполно мокри. Колку повеќе се полнеше чамецот со вода, толку повеќе растеше паниката. Кога се обидовме да стоиме лошата ситуација стана уште полоша“, вели Абдулах и додал дека имале појаси за спасување, но луѓето од паника почнале премногу да стануваат и бродот се превртел.

Моите деца… Ми се излизгаа од рацете
„Ја држев сопругата за рака. Моите деца.. ми се лизнаа од прстите“, вели очајниот татко кој ќе се врати во сиријскиот кобане и таму ќе го закопа семејството.
„Се обидовме да се држиме за чамецеот, но почна да се издувува. Луѓето врескаа во темницата. Затоа мојата сопруга и синовите не можеа да ме слушнатсе обидов да допливам до копното следејќи го светлото. Кога стасав до копното не можев да ги пронајдам децата и сопругата. Мислев дека се изгубиле од страв. Кога стигнав во Бодрум отидов во болница. Дознав дека повеќе ги нема“, вели Абдулах. Абдулах ал- Курди сакал само да му приушти на своето семејство убав живот, а остана сам на светот. Фотографијата на безживотното тело на неговиот с

Пронајдете не на следниве мрежи: