Татковината на прогонетите

Ја сонувам,спомнувам,со мислите патувам кон неа. Душата гори,срцето се стега, а желбата е се поголема. Ќе зборувам за вистината,за трагедијата,за неправдата,нека слушне целиот свет, Европа кои тоа ни го направија.Не окупираа,присилно иселија, мачеа,убиваа,без тронка жал. Имињата ни ги сменија ,имињата на градовите,селата, на гробовите, на планините,реките,езерата.
Ќе пишувам за да остани ,да не се заборави,да не се повтори пеколната 1948 година .Деца од мајки разделија откорнаа се што е Македонско.
Колку ли само загинаа,колку ли само крв се пролеа,колку ли само солзи се пролеаа,колку мајки во црно се завија.
Нека разберат и слушнат младите генерации ,нека нашиот крик стигне насекаде…
Како да им простиме за маките,убиствата,прогонот,
На земјата наша пуста со крв пролеана,сега друг го бери плодот ,сега други се радуваат на неа.
Колку ли песни се испеани,приказни раскажани…
Колку силно треба да врескаме светот да не чуе?
Европа нека свати дека и ние сме луге родени од мајка,дека и ние имамо право да живееме,човечки правдини да си бараме.
Зарем треба уште крв да се пролева,за да разберат дека ние постоиме,и ке постоиме,како посебен народ  со свој јазик,историја,култура.
Македонска крв во жилите ни расти и се плоди.
Вистината не се покрива ,таа е тука за нас и затоа сме силни.
Пишува Олга РистескаНе окупираа,присилно иселија, мачеа,убиваа,без тронка жал. Имињата ни ги сменија ,имињата на градовите,селата, на гробовите, на планините,реките,ез

Пронајдете не на следниве мрежи: