ТАЖНАТА СУДБИНА на една 23-годишна девојка: Ми го одземаа детето и ме натераа да се проституирам

„Детство за мене е синоним на борба – ме тепаа и мајка ми и татко ми. Најчесто ме тепаа со стап или со голема палка”, раскажува Кристина, која тежи само 45 килограми и ги покажува малите дланки.Како завршив училиште, ме избркаа од дома бидејќи им бев товар. Поминав не повеќе од недела дена кај мои познаници. Тогаш се појави Светлин. 
Тој е постар од мене 20 години, но штом ми предложи да се венчаме, прифатив без размислување. Го сакав, но баш и немав многу избор. Верував дека конечно ќе имам дом, во кој некој ќе ме сака. Животот ми беше како сон. Но, сепак сѐ се заврши брзо.
Свекрвата само Светлин да замине на работа за да почне да ме навредува. Молчев и ја слушав секој ден.
Најголемо разочарување беше кога им реков дека сум бремена. Повторно ме навредуваа. Кога излегов за кратко од куќата, свекорот го прашуваше Светлин: „Дали си сигурен дека детето е твое?“
Светлин застана во моја одбрана и затоа како кучиња нѐ избркаа од дома. Извесно време живеевме кај едни пријатели на Светлин, во чиј дом го родив нашиот син.
Родителите на Светлин го преколнуваа да се вратиме дома, за да си го видат внучето. И ги послушавме…

Поминаа шест години и решив да ставам крај на тортурите. Веќе не можев да издржам кога и Светлин почна да ме малтретира. Се обидов да извршам самоубиство, но свекорот и свекрвата го искористија тој момент на слабост и пред психијатрите ме направија дека сум нестабилна. Останав без својот син…
Бидејќи не можев да се вратам дома, спиев по напуштени подруми. Еден ден се сретнав со мојата пријателка Назифа, која вети дека ќе ми помогне. Никогаш не ми падна на памет дека ми мисли нешто лошо, бидејќи се знаевме уште од мали нозе…
Таа ми вети дека ќе ми дава пари ако ги чувам децата на братучедот на нејзиниот сопруг. Се согласив, бидејќи ми требаше покрив над главата.
Уште првата вечер, Јусуф ми се закани дека од наредниот ден ќе треба да почнам да заработувам 15 евра за орален секс, 20 евра за обичен и 35 евра за комплет услуга.
Сакав да избегам, но со сила ме облекоа и ме натераа да работам…

Агонијата продолжи цели два месеци. Дење се проституирав, а ноќе ги чував децата и робував. Јусуф ги трошеше моите заработени пари, а неговите родители ме чуваа секоја вечер.
Со тек на време, надзорот на Јусуф стануваше сѐ послаб, а јас почнав да одвојувам пари за моето бекство. Вишокот пари ги криев во една грмушка. Искористив еден момент на невнимание на Јусуф и отидов до една друга девојка за да се јавам од нејзиниот мобилен.
Викнав такси и со парите скриени во грмушката избегав кај моите родители, кои конечно се смилуваа да ме земат дома
Ромите во неколку наврати се обидоа повторно да ме грабнат, но безупешно.
Единствената работа за која се каам е таа што не можам да си го видам синчето…Како завршив училиште, ме избркаа од дома бидејќи им бев товар. Поминав не повеќе од недела дена кај мои познаници. Тогаш се појави Светлин. 

Пронајдете не на следниве мрежи: