Тажната судбина на татко ми

И,сега се присеќава на неговите родители.Беа многу млади,татко ми беше партизан,а мајка ми беше во во АФЖ.Тоа беше граганска војна-ми вели. лоша војна, полоша и од светската, не знаеш од кого да се чуваш. Еден ден во нашето село,  дојде од Костур полиција со Грчка војскаМојата судбина е многу тажна, продолжува да раскажува мојот татко, таа започна во 1948 тата година. Имав само седум години, бев дете,невино дете, не знаев ништо, денот кога ме испратија моите родители во Желево, како што ти раскажав, тој ден беше денот на разделбата и никогаш повеке не ги видов. Од тој ден животот за мене беше пеколен,останав сам,сосема сам…немав родители,нити брака и сестри…Сепак керко мила,преживеав,знаеш керко човекот е посилен и од камен…Гледам солзи му навираат на сеуште невините очи ,го гледам и си велам,колку ли болка крие неговото напатено старо лице?…Продолжува со раскажувањето.
И,сега се присекава на неговите родители.Беа многу млади,татко ми беше партизан,а мајка ми беше во во АФЖ.Тоа беше граганска војна-ми вели.лоша војна,полоша и од светската,не знаеш од кого да се чуваш.Еден ден во нашето село, дојде од Костур полиција со Грчка војска.Со нив носеа голем список на имиња.Во списокот имаше млади луге кои беа партизани,и луге кои им помагаа на партизаните.Мегу нив беа и моите родители.Баш тој ден дојде татко ми од партизаните во селото по некоја работа.Кога разбраа дека доага Грчката војска со мајка ми се скрија во скривницата која ја имаа направено дома.Во собата имаа ископано еден ров,над него имаа ставено штици ,над нив церга и маса.Ама како и секогаш и тогаш имаше шпиони,кои кажаа каде се скриени моите родители.Полицијата ги фати нив и сите други кои беа на списокот и ги однеле во непознато место.Сите мислеа дека ке ги однесат во затвор,а тие ги однеле во реката Аљакмунас и таму на многу свиреп начин ги погубиле.За ова злодело имало еден очевидец ,и тој ошол во селото Горенци,и во полиција кажал дека војската грчка ги малтретирала и убивала лугето,но тие му рекле дека немале дадено таква наредба,и не му поверувале…но едно е јасно дека на грците тоа не ги интересирало,зашто убиените и малтретираните биле македонци.Е, мила керко,воздивнува милиот ми татко,така ги отепаа моите родители,твоите баба и дедо…Така завршија нивните млади животи…
После секавањето на смртаа на своите родители ,се наврака на времето кога од селото Желево си заминаа.Од Желево пешки,преку планините заминавме во Љубојно.Ноке патувавме,а дење се криевме во рововите.Ни велеа да молчиме,да не не чујат бурандарите.Беше крајот на март месец,студено,а ние гладни и боси одевме и одевме,бевме деца,а што ли знаевме…На секоја група деца,имаше одговорни луге,жени,кои ни беа како мајки.Во Љубојно останавме три недели.Не сместија по куки.Голема сиромаштија,се секавам одевме по бавчите да крадиме,за да каснеме нешто,бевме многу гладни,изнемоштени,нозете ни беа со рани од пешачењето.После не донесоа во Битола,каде ни дадоа мали лепчиња од трици правени да јадиме,како прасиња,не качија во вагоните за стока,и не донесоа во Скопје.Потоа од Скопје не префрлија во други вагони и заминавме во Романија.Сите имавме вошки ,краста,многу деца се разболеа од тифус и умреа.Во Романија прво не однесоа во Синаја,после во Тулгеш.Ни ги избричија главите, и не намачкаа со газија,против вошките,а за крастата не мачкаа со една смрдлива маст… Во Тулгеш имаше најмногу деца ,тоа беше голем дом.Најмногу деца зеде Романија.Се грижеа добро за нас-ми вели татко ми-ни дадоа храна,облека,црвениот крст .Романија сите деца ги образова.

И така мила керко,продолжува татко ми,еден ден директорот на домот Барба Јани ,така се викаше,ме викна и ми соопшти тажна вест,кажувајки ми дека моите родители загинаа во војната…јас здрвено го гледав,како ништо да не разбрав,како да се парализирав одеднаш,а тој ми зборуваше дека тие херојски загинаа,да бидам горд на нив,а јас само се свртев и заминав во собата моја. Легнав и првата мисла која ми помина низ главата беше дека јас останав сам на светот…немам мајка,татко, брака,сестри,јас немам никого,останав сам и беспомошен…како ли јас ке продолжам да живеам сам,како…тоа прашање често си го поставував…но мила моја керко животот си продолжи,болката за изгубените родители ја носев во себа,живеев со неа,и живеам со неа…си велев тие храбро загинаа,ама и јас треба храбро да продолжам даа живеам…е, одеднаш погледот му се здрви…немаше никој кој да ме утеши..тешко,многу тешко…продолжив да живеам.
Во домот секое утро го постилавме креветот,се миевме,праевме гимнастика,го кревавме знамето,и одевем на доручек и на школо.После школото ручавме,и одмаравме.Имавме режим голем.Игравме фудбал,боси.Се помиривме со судбината,бевме деца…а што ли друго можевме.
Додека ми раскажува мојот татко,ме обзема голем бес,и тага голема,срцето ми се стега,очите ми се полнат со солзи,го гледам со голема болка,а тој ми вели-керко мила војната не носи добро,а јас се прашувам,кога ке престане да ме боли,кога,животот продолжува,ама болката не престанува,нема лек кој може да ја излечи…..
Да одмориме керко,утре пак ке ти раскажувам,се уморив,ке легнам ми вели,а јас ја разбирам и чувствувам неговата болка,немам збор со кој може да го утешам,го погалив по уморното му лице,и со солзи во очите си заминав…Мојата судбина е многу тажна, продолжува да раскажува мојот татко, таа започна во 1948 тата година. Имав само седум години, бев дете,невино дете, н

Пронајдете не на следниве мрежи: