Тажната судбина на татко ми: „Никогаш не заборавај ќерко. Нека се памети нашата голгота“

Продолжува со раскажувањето, веќе уморниот мој татко… Во Романија завршив средна школа за бравар и оттаму заминав во тогашна Чехословачка. Таму се најдов со мојата прва братучетка Хрисанти и кај неа отидов. Се запослив во млекара и кога ја зедов првата плата, не знаев како да се радувам. Прв пат во животот видов свои пари… Живеев сам, работев, ама тагата во мене не се намалуваше никако: жалев многу за моите починати родители, за мојот дом, мојата земја…После војната сите преку црвениот крст се пронаоѓаа со мајките , татковците, браќата, сестрите, а јас немав никој, никој со кога да се прегрнам, израдувам…
Тие години ми беа многу тешки, бев осамен, многу малку се смеев, спиев, јадев. Ништо не ми беше мило. Пред мене се појавуваше често сликата на мајка ми, нејзината последна прегратка, зборовите дека еден ден ќе се вратам… Се наоѓав во туѓа земја, меѓу туѓи луѓе.
После петтата година, во мене се појави желба да одам во Романија да го видам уште еднаш домот во кој израснав. Не можев ни самиот да си објаснам од каде толкава желба и копнеж. И отидов. Заминав. Кога стигнав во Тулгеш, осетив силна болка во градите, грлото ми се стегна, солзи не престануваа да течат од моите очи… Отидов во домот. Беше празен, го немаше повеќе детскиот џган, детската игра…Беше сѐ пусто…
И така, седнав на една скала, ја потпрев главата и само гледав и гледав. Одеднаш, еден глас ме запраша што правам тука. Тоа беше една стара жена. Јас почнав да ѝ раскажувам за деновите поминати во овој дом. Ѝ кажав дека немам никој, после војната останав сам. Таа ме прегрна и ми рече: „Синко, твојата судбина била многу тажна, ама ти мора да продолжиш со својот живот, мора“.
Ми кажуваше многу поучни работи, така да јас кога се вратив во Чешка одлучив навистина храбро да продолжам со мојот живот. Се оженив и во 1965 година го доживеав најубавиот ден во мојот живот. Господ ми те даде тебе ,моја мила ќерко. Прв пат во животот осетив дека имам нешто свое, нешто за кого ќе живеам, ќе се радувам.
„Тоа си ти ќерко моја“ – раскажува, а јас непрестано плачам, го гушкам и му се заблагодарувам.
Во 1973 година, подадовме документи за во Југославија – Македонија. Кога ни ги одобрија ,јас ќерко бев многу среќен. Кога стигнавме тука, ја бакнав земјата македонска. Оттогаш тука живееме, во Охрид. А за денот кога прв пат после 50 години отидов дома, во моето село, веќе ти раскажував.
„Мислам дека сѐ ти раскажав. За мојата голгота, за мојот тежок живот“ – ми вели татко ми.
Јас го прегрнав и му кажав дека тој е мојот најмил и единствен, дека се гордеам со него. А тој ми вели: „Ќерко секогаш да бидиш горда на своето потекло, да бидиш храбра, никогаш да не ја заборавиш историјата, да ја пренесуваш на идните поколенија, нека се знае, памети нашата голгота“.После војната сите преку црвениот крст се пронаоѓаа со мајките , татковците, браќата, сестрите, а јас немав никој, никој со кога да се прегрнам, из

Пронајдете не на следниве мрежи: