Мајка на две мали момчиња починала откако одеднаш се онесвестила во својот дом. Случајот ја потресе Велика Британија. Кристи Хагес (26) била пронајдена без свест на 31.10.2015 оваа година во својот дом во Мерт Тудфил и била пренесена во болница каде била ставена на апарати. Но, два дена подоцна починала и покрај сите напори на докторите да ја спасат. Нејзините органи, во согласност на семејството, биле донирани.
Многумина изразуваат жалење поради овој тажен настан и смртта на поранешната полицајка, зад која останале нејзините синови на возраст од две години и 13 месеци. Членови на семејството велат дека ќе се потрудат да го сочуваат сеќавањето на Кристи, а во овој момент децата се премногу мали за да ја сфатат длабочината на загубата.
Случајот на оваа изненадна смрт е предмет на полициска истрага и приведен е 23- годишен маж поради сомнение за поврзаност со случајот, бидејќи тој неодамна ѝ дал на починатата мепедрон, еден вид синтетичка дрога.Кристи Хагес (26) била пронајдена без свест на 31.10.2015 оваа година во својот дом во Мерт Тудфил и била пренесена во болница каде била ставена на



