Зошто мажите кулираат: Можеби на нив љубовта не им е важна како на нас. Можеби им е важна на поинаков начин. Или поинаку покажуваат што им е и колку им е важно. Научени да кулираат и да ги заобиколуваат чувствата, да не излезат слабаци, мажите просто, сакаат поинаку. Кога ќе ни обрнат внимание, тугаш всушност се обидуваат да не фасцинираат со некои перформанси, ни ги пуштаат омилените песни и спотови, зборуваат за работи кои ги интересираат, а нас тоа повторно не ни е доволно.
Бидејќи не е тоа – тоа внимание, кое ние го бараме. И се ни се чини дека сме во втор план. А можеби и не ни се чини само тешко е да се прифати тоа.
Тие ја земаат врската здраво за готово. Ако е со вас, тоа ви е најверојатно доволен доказ за внимание и поврзаност. Бидејќи да не сте им значеле не би биле со вас. Едноставно. Само што не е толку едноставно.
Од нивна перспектива, ние сме тие кои комплицираат. А можеби навистина комплицираме. Бараме да ни покажуваат и докажуваат чувства, онака како што тоа ние го правиме. А ние сме многу здодевни кога некој ни значи. Се фокусираме на своите чувства, веднаш сакаме да градиме врска, во еден миг се навредуваме што држат растојание и се напнуваме за да им се доближиме. Да ги окупираме. Сакаме да знаеме дали тие мислат на нас постојано, како и ние на нив. А тие можеби не мислат, бидејќи вниманието им го одзема нешто друго, сосема безбедно за нас, а сосема пријатно за нив. Но, нема врска со нас. И тоа нас не навредува.
За нас, се има врска со нив. И кога ќе сфатиме дека на нив животот и понатаму им е ист и дека приоритетите и понатаму им се исти, тогаш почнуваме да трипуваме и да се прашуваме дали на нив воопшто им значиме нешто, и што да правиме, кои стратегии да ги примениме за да им се доближиме и како да ги задржиме…
Здодевни сме. Заслужуваме некој ѓавол да ни каже: Ма, те сака, само се прави…
Можеби само треба да ги пуштиме да дишат. Да не гњавиме со своите очекуваа, да им образаложиме.
Тие не знаат како се чувствуваме ако не им кажеме. А не знаат ни што да прават, ако само им го искажуваме нашето незадоволство, стравови, очекувања и разочарувања. Тогаш само се бранат. Бидејќи се чувствуваат преплавено и нападнато. На нив им делуваме лудо со тоа што толку многу внимание им насочуваме на нив.
Обостраното разбирање мора да потекне од нас. Бидејќи сме ние тие кои комплицираат, кои подлабоко доживуваат и трипуваат, должни сме да поедноставиме. Поради себе и поради нив. Полесно ќе биде ако малку поедноставниме. Тогаш не мора да не кулираат и да се прават фраери. А ние не мора да размислуваме на глупости за таму каде што може да се наиде на разбирање и спогодба.
Кога ќе ни обрнат внимание, тугаш всушност се обидуваат да не фасцинираат со некои перформанси, ни ги пуштаат омилените песни и спотови, зборуваат