Театарско суеверие: „Макбет“ им носи несреќа на актерите

Според суеверието, секој што ќе го изусти името на оваа драма, ќе го следи несреќа во претстојниот период.Постои едно суеверие поврзано со драмата „Макбет“ на славниот англиски драматург Вилијам Шекспир. Според „Шкотската клетва“, како што е познато ова суеверие, секој што во театар ќе го изговори името Макбет е осуден на пропаст и несреќа.
Суеверието датира уше од првата историска изведба на драмата, кога наместо лажна кама, како реквизит била искористена вистинска, па еден актер починал на сцената. Исто така, постои и верување дека магиите кои вештерките ги кажуваат во првата сцена се вистински.

 
Работата е отидена до таму што актерите во светот си развиле и посебни ритуали за прочистување и отфрлање на клетвата на Макбет. Секој што ќе го изговори името Макбет во театар, мора да направи некаков ритуал, на пример,  да се заврти трипати, да си плукне преку левото рамо, да пцуе, или пак да каже некоја од следниве реплики од Шекспирови драми:
„Ангели и претставници на милоста, чувајте не!“ – Хамлет, прв чин, 5та сцена.
„Ако сеништата ги навредивме…“ – Сон на Летната Ноќ, петти чин, 2ра сцена.
„Убави мисли и среќни моменти да имате“ – Венецијанскиот Трговец, трет чин, 4та сцена.
Постои едно суеверие поврзано со драмата „Макбет“ на славниот англиски драматург Вилијам Шекспир. Според „Шкотската клетва“

Пронајдете не на следниве мрежи: