Скратување на времетраењето на техничкиот преглед на возилата на десетина минути и негово драстично поевтинување ќе овозможи замената на класичната проверка на автомобилите со контрола со ИТ уред, која произлегува од новите европски директиви.Македонија ги почнува подготовките за преминување на новиот, поефикасен начин на вршење на техничкиот преглед, кој освен предностите што им ги дава на сопствениците на возила, влијае и на подобрување на безбедноста на собраќајот и на зачувување на животната средина, а и ги елиминира субјективните влијанија.
Пред неколку дена во Скопје беа презентирани новините во техничкиот преглед на возилата содржани во директивите на ЕУ, како и начинот на кој работи ИТ уредот за технички преглед, кој ги дава сите податоци за автомобилот, од функционирањето на воздушните перничиња, па до исправноста на неговите највитални делови.
Во техничкиот преглед ќе се користи адаптер, со кој без ставање на возилото на некои компликувани уреди, како на пример кочниот тестер, за неколку секунди се добиваат сите информации за техничката исправност на возилото. Во Германија тој е во примена повеќе од една и пол година и веќе се тестирани над 55 милиони возила, оформена е феноменална база и значително е подобрена безбедноста во сообраќајот. Со примена на адаптерот цената на техничкиот преглед е падната за два до три пати, но од друга страна, потреби се искусни луѓе, обучени инженерски тимови кои ќе ги вршат прегледите.
Целиот текст прочитајте го на Вечер.Македонија ги почнува подготовките за преминување на новиот, поефикасен начин на вршење на техничкиот преглед, кој освен предностите што им ги дава