Од 15ти април до 15ти мај, 2015 година, за секој предаден стар и нефункционален електронски и електричен апарат од домаќинството, во салоните на Техномаркет, ќе се добива вредносен ваучер кој што ќе може да се искористи за купување на нов производ.„Старо донеси, ново однеси“ гласи мотото на новата едномесечна кампања на Техномаркет и Нула Отпад. преку која што ќе се даваат вредносни ваучери за старите, нефункционални електронски и електрични апарати од домаќинствата. Кампањата е во согласност со Законот за управување со електрична и електронска опрема според кој електричниот и електронскиот отпад треба да се складира на соодветни места. Во спротивно, Законот предвидува казни од 60 евра за фрлање електронски отпад на несоодветно место.
„Со оваа кампања сакаме да дадеме придонес во зачувување на животната средина, овозможувајќи им на граѓаните да се ослободат од својот стар електричен и електронски отпад. За таа цел започнуваме со едномесечна кампања во која бесплатно ќе вршиме преземање на старите уреди а истовремено и ќе подаруваме вредносни ваучери кои ќе може да се искористат во нашите салони. Како компанија чија примарна дејност е продажба на електрична и електронска опрема, свесни сме колку штета овој отпад може да предизвика и затоа отсекогаш сме биле одговорни во тој аспект, а кон нашата кампања се приклучија и познатите светски брендови Philips, Panasonic, Rowenta, Moulinex, Krups, Tefal, Bosch, Electrolux, NEO, Hansa со тоа што на купувачите им нудат производи со супер еко цена. Се надеваме дека и граѓаните ќе нè поддржат во мисијата и ќе ја покажат својата грижа за животната средина“, изјави Александар Медарски, раководител на малопродажба во Техномаркет.„Старо донеси, ново однеси“ гласи мотото на новата едномесечна кампања на Техномаркет и Нула Отпад. преку која што ќе се даваат вреднос