Телефонски разговор на Пенс прво со Ципрас, веднаш потоа со Заев- прашањето за името во фокусот?!

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс вчера остварил телефонски повик со премиерот на нашиот јужен сосед Грција, во 12:30 часот, додека само 15 минути подоцна разговарал и со Зоран Заев.Иако Зоран Заев на социјалните мрежи не објави за што точно се говорело, се смета дека тие говореле за прашања поврзани околу името.

Заев кратко напиша: Се слушнав предмалку со потпретседателот на САД, Мајк Пенс. Ги поддржа реформите во Македонија и пренесе поздрав од претседателот Трамп.
Иако Зоран Заев на социјалните мрежи не објави за што точно се говорело, се смета дека тие говореле за прашања поврзани околу името.

Пронајдете не на следниве мрежи: