недела, 29 ноември 2026
Најново

Телеграма со сочувство од Димитриев до италијанскиот премиер Ренци за настраданите од земјотресот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев упати телеграма со сочувство до италијанскиот премиер Матео Ренци за настраданите во силниот земјотрес што го погоди централниот дел на Република Италија.- Со длабока вознемиреност и жалење ја примив потресната вест за силниот земјотрес што го погоди централниот дел на Вашата држава, од кој животите ги изгубија голем број на Ваши граѓани, а уште повеќе се повредени или останати без своите домови. Во овие исклучително тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и семејствата на загинатите и повредените граѓани, дозволете ми од името на Владата на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на искрено сочувство, Вам и на семејствата на трагично настраданите, вели Димитриев во телеграмата. 
Македонските граѓани, посочува тој, во повеќе наврати имаат претрпено човечки загуби и штети како резултат на природни катастрофи и затоа секој граѓанин на Република Македонија е свесен за трагедијата низ која поминува вашиот народ и искрено сочувствува со граѓаните на Вашата држава.
– Длабоко сум уверен дека меѓународната хуманост и солидарност, што многу пати досега се демонстрирани на дело, и сега ќе помогнат во ублажување на страдањата и последиците од оваа голема несреќа која и се случи на вашата држава, се вели во телеграмата на Димитриев до италијанскиот премиер Ренци.- Со длабока вознемиреност и жалење ја примив потресната вест за силниот земјотрес што го погоди централниот дел на Вашата држава, од кој живо

Поврзани вести