Телеграма со сочувство од Иванов до семејството Чашуле

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод смртта на амбасадорот Слободан Чашуле, упати телеграма со сочувство до семејството Чашуле. 
-Со чувство на длабока болка и тага ја примив веста за смртта на Слободан Чашуле, истакнат амбасадор на Република Македонија со богата кариера во политиката и  во општествениот живот. Во овој тажен миг нема зборови кои ќе ја ублажат болката, но дозволете да ви изразам најискрено и најдлабоко сочувство, се наведува во телеграмата.
Иванов во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име му порача на семејството на Чашуле да бидат горди на неговото животно дело кое, како што рече, ќе остане во сеќавање на сите нас.
– Чашуле оствари богата новинарска кариера, беше еден од основоположниците на македонското новинарство и учествуваше во формирањето на ТВ Скопје, беше главен уредник на македонското радио и директор на „Нова Македонија“. Изминативе години тој извршуваше повеќе јавни функции. Покрај неговата ангажираност како пратеник во Собранието и министер за надворешни работи на Република Македонија, во периодот од 2001 до 2002 година, Чашуле ќе биде запаметен и како интелектуалец кој му пркосеше на времето и секогаш јавно го искажуваше својот став. Својата кариера ја заврши како амбасадор на Република Македонија во Мадрид, Кралството Шпанија. Споменот на него и неговиот ведар дух, благородност и човечка големина ќе ни останат во вечно сеќавање, се наведува во телеграмата од претседателот Иванов.
  
-Со чувство на длабока болка и тага ја примив веста за смртта на Слободан Чашуле, истакнат амбасадор на Република Македонија со бога

Пронајдете не на следниве мрежи: