Телеком Австрија Групацијата доби меѓународна награда за спојување и преземање

Наградата беше доделена од бизнис магазинот “Acquisition International” за преземањето на Близу во Република Македонија
Жирито едногласно одлучи престижната награда за зделка на месецот (“Deal of the Month Award”) да и ја додели на Телеком Австрија Групацијата за професионалниот пристап при спроведувањето на трансакцијата“Нашиот тим за спојување и преземања работи со полна пареа за доследно да ја имплементира нашата стратегија за конвергетност. Само во последните три години, успешно беа изведени вкупно 12 преземања и спојувања и како резултат на тоа, денес работиме како провајдер на опсежни телевизиски, интернет и телефонски услуги во 5 од 8 пазари на кои делуваме. Не само нашите акционери, туку и нашите корисници ќе ги ползуваат придобивките бидејќи сме во можност да им ги понудиме сите услуги од едно место по поволни цени. Токму затоа, би сакал да им честитам на нашите вработени за добивањето на оваа меѓународна награда”, изјави Ханес Амецрајтер, Главен извршен директор на Телеком Австрија Групацијата и А1.
Со преземањето на Близу, еден од водечките кабелски оператори на македонскиот пазар, Телеком Австрија Групацијата доби 63.000 нови корисници. Вип оператор, како дел од Телеком Австрија Групацијата, е во блиска соработка со Близу со цел уште повеќе да ја прошират својота понуда на услуги за корисниците во иднина. Споделувањето на синергијата во однос на ресурсите, искуствата и процесите, ќе отвори нови можности за понатамошен развој. На крајот на 2013 година, Близу имаше приходи од околу 10 милиони ЕУР.
“И покрај строгиот процес на наддавање, успеавме успешно да ја затвориме оваа комплексна зделка во Македонија во период од околу 6 месеци. Почестен сум за наградата што ја добива нашиот тим и претставува дополнитен доказ за нашата успешна работа”, изјави Роланд Хајднер, Директор за спојувања и преземања во Телеком Австрија Групацијата.
Оваа зделка за спојување и преземање беше една од најследените трансакции на порталот.
Следствено на тоа, информацијата за ова преземање беше претратена до соодветниот комитет на бизнис магазинот “Acquisition International” за понатамошен преглед. Жирито едногласно одлучи да ја додели наградата на Телеком Австрија Групацијата за професионалниот пристап при спроведувањето на трансакцијата и ја извести компанијата за наградата.
Повеќе информации се достапни на следниот линк “Нашиот тим за спојување и преземања работи со полна пареа за доследно да ја имплементира нашата стратегија за конвергетност. Само во последн

Пронајдете не на следниве мрежи: