Спроведување на успешната стратегија за конвергенција на Групацијата во четврти по ред пазар
Преземање на еден од најголемите кабелски оператори во Република Македонија
Blizoo Македонија има приходи од околу 10 милиони евра, а во моментот опслужува 63.000 претплатници
Телеком Австрија Групацијата потпиша договор за купување на 100% од компанијата Blizoo Македонија. Blizoo Македонија е еден од најголемите кабелски оператори во Република Македонија кој нуди услуги за ТВ, широкопојасни услуги и фиксна телефонија. Купопродажбата, која е предмет на одобрување од релевантните институции (Комисија за заштита на конкуренција на РМ), претставува значаен чекор во исполнувањето на стратегијата за конвергенција на Телеком Австрија Групацијата. Оваа купопродажба ќе им овозможи на Вип оператор и на Blizoo во иднина да понудат пакетирани фиксни и мобилни услуги на уште еден пазар на кој работи Телеком Австрија Групацијата, односно дополнително на Австрија, Бугарија и Хрватска, што целосно и овозможува на Групацијата проширување на постојните пазари со конвергентни услуги.
„Преземањето на Blizoo Македонија ни овозможува да понудиме целосно портфолио на комуникациски услуги во четврта земја во рамки на нашата Групација и претставува чекор нанапред кон исполнување на нашата успешна стратегија за конвергенција”, вели Ханес Амецраитер, Главен извршен директор на Телеком Австрија Групацијата и А1.
“Купувањето на Blizoo Македонија отвoра широка лепеза на возбудливи можности за Вип оператор, со тоа што ќе ги сплоти силите и капацитетите на двете компании кон иден успех. Исклучително сме задоволни што по неколку години работење во мобилниот сегмент на пазарот, имаме можност да се вклучиме во фиксна и мобилна конвергенција, што секако ќе резултира со поголеми придобивки и за корисниците на Вип и за корисниците на Blizoo”, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип оператор.
Кирил Трендафилов, Главен извршен директор на Blizoo Македонија истакна: ”Ни претставува особено задоволство што стануваме дел од Телеком Австрија Групацијата и убедени сме дека со овој чин стануваме посилни и добиваме одлични можности за раст и развој. Со нетрпение очекуваме да ги споделиме искуствата и да ја искористиме синергијата со Телеком Австрија Групацијата, а особено со Вип оператор, со цел да создадеме вредност за нашите корисници и акционери”.
Blizoo Македонија во моментот има 63,000 претплатници, од кои 47,000 се претплатници на широкопојасни услуги. Во 2013г. приходите изнесуваа околу 10 милиони евра, со ЕБИТДА (Заработка пред камати, даноци, депресијација и амортизација) од 4 милиони евра.
Телеком Австрија Групацијата ќе ја финансира оваа трансакција од постојниот паричен тек. Договорено е да не се открива вредноста на Договорот.
Телеком Австрија Групацијата е присутна на македонскиот пазар веќе 7 години преку Вип оператор, вториот по големина мобилен оператор на пазарот со 620,000 мобилни корисници и 28% пазарен удел.
За Телеком Австрија Групацијата
Телеком Австрија Групацијата, котира на Виенската берза (Vienna Stock Exchange) од ноември 2000г., и претставува водечки комуникациски провајдер во Централна и Источна Европа со околу 23 милиони корисници на пазарите каде што работи. Групацијата во моментот е присутна во 8 земји: Австрија (A1), Бугарија (Mobiltel), Белорусија (velcom), Хрватска (Vipnet), Словенија (Si.mobil), Република Србија (Vip mobile), Република Македонија (Вип оператор), и во Лихтенштајн (mobilkom liechtenstein). Вкупно, целиот пазар во сите 8 земји, опфаќа околу 41 милиони жители. Групацијата има повеќе од 16,000 вработени на крајот на март 2014, а приходите на Групацијата на крајот на 2013г. изнесуваа околу 4.2 милијарди Евра. Портфолиото на услуги на Телеком Австрија Групацијата содржи производи и услуги во говорна телефонија, широкопојасен интернет, мултимедијални услуги, податочни и ИТ решенија, големопродажба, како и решенија за мобилно плаќање.
Дополнителни информации се достапни на новата веб страница https://www.telekomaustria.com/en/home или можете да нѐ следите на Твитер https://twitter.com/TA_GroupТелеком Австрија Групацијата потпиша договор за купување на 100% од компанијата Blizoo Македонија. Blizoo Македонија е еден од најголемите ка