„Телма“ прогласи 12 искусни новинари за технолошки вишок

Раководството на телевизија Телма утрово прогласи 12 новинари за технолошки вишок.Станува збор за најискусните новинари во телевизијата, со долгогодишни кариери зад себе. Сите се во шок, велат дека не добиле никаква најава за ваквата скандалозна одлука на раководството на Телма.
Меѓу нив се и докажани новинарски имиња како Панта Џамбазовски, Емилија Лазаровска, Томислав Османли, Виолета Зајкова, Соња Николовска, Јулијана Лефковска Пешевска и други вработени во информативната, културната и во забавната редакција на телевизијата.
Новинарите не ја кријат шокираноста од тоа што без никакво предупредување или најава од вработени станаа технолошки вишок. Добиле само писмено известување каде било наведено дека тоа е заради намалување на трошоци.
Поранешната уредничка Емилија Лазаревска прва го искажа револтот на социјалните мрежи. Таа прстот го впери кон директорот на телевизијата и вели дека тој направил загуба, а за теретот за тоа го префрлил на вработените. Понатаму објаснува дека тоа што тие го трпеле од него не било само мобинг, туку тортура.
 
Лазаревска за А1он вели дека уредникот Атанас Кировски тоа го најавил уште од првиот ден, но поради тоа што во меѓувреме се случувале повеќе работи, како судски процеси со неа, Кировски веројатно барал подобар начин како да направи „чистка“ во телевизијата, па го одбрал овој метод.

– Она што изненадува е тоа што на тој список се наоѓаат големи новинарски имиња кои 20 години го крепат идентитетот на Телма, а најстрашно е тоа што вели дека го презема овој чекор затоа што имало пад на телевизијата од почетокот на годинава, вели Лазаровска.
Таа вели дека Кирковски од неговото доаѓање носи нови луѓе, што според нејзина проценка се движат помеѓу 30 и 50 нови вработени. Поради лошите услови за работа и меѓучовечки односи, вели Лазаревска, дел од стариот кадар на Телма си заминува затоа што не можеле да издржат повеќе.
– Мој заклучок е дека агендата со која тој дојде во Телма е да расчисти со сето она што значеше Телма во вистинска смисла на зборот. Ова е уште еден удар врз професионалното новинарство во Македонија, рече Лазаревска за А1 ОН.
Исто така и новинарката Јулијана Лефковска-Пешевска се јави со своја реакција.
-Професионалната Телма остави дете оперирано од срце без здравствена заштита. Најтешката битка во животот ја добив. Претстои друга. Имате ли совест и образ да ме погледнете во очи. Најдете една дамка во мојата кариера.Животот е тркало, денес си горе, утре доле!!!, напиша Лефковска-Пешевска.

Денеска Синдикатот на вработените на Телма очекува да има средба со раководството за да може да добие подетални информации за одлуката, по што ќе излезе и со став во јавноста. Новинарите прогласени за технолошки вишок не добиле образложение зошто е донесена таквата одлука, но во писменото известување било наведено дека тоа е заради намалување на трошоци. Сепак, според информации кои ги објави порталот Журнал, тие се отпуштени под притисок на СДСМ бидејќи стоеле на страна и не сакале да работат под инструкции и со нарачани прилози.

Во телевизија „Телма“ пред две години дојде до промена на раководството, односно, како што потврди и Централниот регистар на официјалната интернет страница, место дотогашниот управител Ристо Лазаров, на директорската функција дојде новинарот Атанас Кировски. Некогашниот уредник на весникот „Форум“ и долгогодишниот известувач за „Би-би-си“ од 1 јули 2014 година го презеде раководството со телевизијата, како директор и главен уредник.Станува збор за најискусните новинари во телевизијата, со долгогодишни кариери зад себе. Сите се во шок, велат дека не добиле никаква најава з

Пронајдете не на следниве мрежи: