Македонската јавност е шокирана како Телма телевизија се пресметува со проф. д-р Александар Климовски, дифузирајќи дезинформации за неговата стручност, само затоа што професорот Климовски јавно проговори околу состојбите во врска со преземањето на основачот на Телма Макпетрол АД.Телма „удри“ по стручноста на раководител на мастерс студиите по корпоративното право на Правниот факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот Кирил и Методиј, обидувајќи се да го дисквалификува неговото познавање на материјата, со јасна цел да ги девалоризира неговите ставови кои – очигледно „пецнале“ директно во сржта. Имајќи ја предвид досегашната пракса кога телевизијата добивала задачи за да брани одредени бизнис интереси, и овој пат очигледно се работи за наредби добиени директно од основачот на Телма телевизија, Макптерол АД, со цел одредени вистини за приватизацијата и актуелните состојби во Макпетрол АД да останат необјавени, а на штета на помалите акционери.
Со дочекувањето „на нож“ на анализата на професорот Климоски и јавното валкање на неговите углед и чест се праќа јасна порака дека кој и да се обиде да објави било што за актуелните состојби во компанијата ќе го чека јавно медиумско иживување и понижување, без оглед на надоместоците за клеветите кои Макпетрол АД очигледно е спремен да ги плати.
Ваквата нарачана непрофесионална пропаганда има за цел да го „замолчи“ Климовски и со клеветнички обвинувања од Телма телевизија да биде дискредитиран во јавноста која добро го познава како научен работник и познат и признат експерт во својата област, верификуван од страна на Универзитетот “Кирил и методиј” и Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.
Известувачката политика на Телма телевизија се сведе и на играње на улогата на јавен обвинител и судија поради обидите и за инкриминација на професорот за искажаните стручни ставови во интервјуто објавено на порталот мкд.мк под наслов “Дезинформациите нанесуваат штета и на акционерите и на бизнис логиката”.
Ловот на вештерки од страна на Телма започна без почитување на новинарскиот професионализам и новинарската етика, односно без претходно Климовски да биде прашан за вистинитоста на стручните ставови изнесени од негова страна. Телма не го прашала ниту за инсинуациите во најавената тужба од Макпетрол АД против него, изјави тој за редакцијата на Курир.
-Со тоа ја погазија новинарската етика и новинарскиот професионализам за кои очигледно лажно и декларативно се залагаат, вели Климовски.
Со ваквите хајки сите емисии во кои доминираа токму теми за новинарската етика и професионализмот за новинарското извесување го добиваат предзнакот неискрени, лицемерни и злонамерни. Дури и новинарите потикнати од подучените платенички експерти кои биле консултитрани околу преземањето на Макпетрол АД се впуштија во полемика со професорот Климовски за правни прашања. Со тоа Телма телевизија започнува да го клевети професорот Климовски пред целата македонска јавност во термините за вести, а притоа одбива да му го објави демантот и да се извини за сторена клевета кон него, која член 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета го предвидува.
Истовремено, несмасно во известувањето го помешува и неговиот општествен ангажман во ГДОМ со стручни ставови изнесени за Макпетрол АД. Тоа само уште еднаш ја докажа необјективноста и пристрасноста на Телма телевизија во известувањето. Заложбите на професорот Климовски во ГДОМ се насочени за зачување на државноста и суверенитетот на Република Македонија и немаат никава поврзаност со неговите научни и стручни ставови на полето на корпоративното право, ниту со било што поврзано со Макпетрол АД.
Телма со полна уста ги промовираше препораките на Прибе за медиумите и за медиумското известување, но со своите постапки покаува дека кон слободата на изразување како основно демократско право и правото на слободата на мислата гледа на непопуларниот начин – сите имаат право слободно да мислат доколку мислат како (сопствениците и раководството на) Телма. Во спротивно – следи цензура и јавен линч преку клевети, навреди, дисквалификација и закани со тужби.
-Телма телевизија најмалку што требаше да направи е коректно да се извини за вмешувањето и давањето паушални коментари за моите правни мислењата искажани во интервјуто и кои се однесуваат на состојбите во Макпетрол АД. Ако навистина Телма беше независен медиум, требаше да ги остави стручните прашања да се расправаат мегу засегнатите страни и дебатирани во академски и деловни кругови, а споровите да ги остави да ги решава надлежен суд, вели професорот Климовски.
Во јавноста со овие случувања уште еднаш се поставија прашањата дали ТВ Телма е медиум кој законито и професионално известува, или служи само како алатка на нејзниот газда за пресметка со секој којшто ќе сака слободно да го искаже своето мислење или став за одредено прашање на начин што нему не му се допаѓа? Дали Агенцијата за аудио визуелни и аудио услуги ја прати активноста на оваа телевизија која има национална концесија?
-Би било добро да се види дали Снежана Лупевска Созен како одговорен уредник на Телма, чија емисија Код се занимава со истражувачко новинарство, ќе собере храброст да истражува за приватизацијата на Макпетрол АД и положбата на акцинерите во компанијата, прашува професорот Александар Климовски.
Ова не е ни од далеку прв случај на пристрасно информирање и кршење на новинарските стандарди од страна на Телма. Познати се случаите во кои телевизијата пропуштала да ги пренесе одговорите од Владата на актуелни теми кои ги обработувала Телма, а во најсвежо сеќавање на граѓаните им е случајот од пред неколку месеци кога активистите на платеничката револуција на СДСМ и Сорос тепаа невини граѓани среде бел ден во центарот на Скопје, а Телма се обиде да го сокрие овој срамен инцидент.
Телма „удри“ по стручноста на раководител на мастерс студиите по корпоративното право на Правниот факултет “Јустинијан Први&rdquo