Дури и опозициската Телма го демантира носителот на опозициската коалиција во првата изборна единица Стево Пендаровски. Дека опозицијата пред секои избори ја фаќа лажна еуфорија не е нешто ново. И додека во предизборната кампања јавно се фалат дека “опозицијата води на сите анкети“, граѓаните подоцна најсилно ги демантираат ваквите лаги.Јавноста ја памети изјавата на тогашниот кандидат за претседател на опозицијата, Стево Пендаровски, кој во екот на кампањата во 2014-та година порачуваше дека опозицијата водела на сите анкети.
-Во овој момент опозицијата води на сите анкети, победата се ближи, изјави Пендаровски на 7- ми април, за потоа да доживее катастрофален пораз од Ѓорге Иванов со 140.000 гласови разлика.
Граѓаните силно го демантираа Пендаровски пред две години, исто како што и сега ќе го демантираат и него и целото раководство на СДСМ. Демантите за СДСМ сега стигнуваат дури и од нивните медиуми, бидејќи најновата анкета направена по барање на опозициската Телма покажува убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ.
Кај македонското гласачко тело, на прашањето за кого би гласале ако утре се одржат парламентарни избори, 31,6% отсто одговориле за ВМРО-ДПМНЕ, додека 23,1% за СДСМ, покажува анкетата на Телма.
И анкетата на реномираната „Брима Галуп“ покажува убедлива предност на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку се издвојат одговорите на Македонците што биле дел од ова испитување на јавното мислење, ВМРО-ДПМНЕ повторно е во значителна предност пред СДСМ. 35,9 отсто се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 21,6 отсто за СДСМ.Јавноста ја памети изјавата на тогашниот кандидат за претседател на опозицијата, Стево Пендаровски, кој во екот на кампањата во 2014-та година пора
Пронајдете не на следниве мрежи: