Телото ја сака алкалноста: Алкализирајте се со сезонските намирници!

Пролетта е идеално време за нови почетоци, време за прочистување… Обично правиме чистење на домот ни зошто и да не направиме „чистење“ на нашето тело однадвор и одвнатре?Веќе добро позната ни е важноста за алкалната исхрана, но не е на одмет и нејзиното вистинско дејство.
Како правилно да се храните прочитајте подоле во текстот…
Внесувањето на алкалните намирници станува популарно и познато како правилно комбинирање на храната која преферира исхрана во која никогаш не се комбинираат заедно јаглехидратите и протеините.
Какво е дејството на алкалните а какво на киселите намирници? Што се случува со нашиот организам кога ќе ги изедеме и едните и другите?
Кога внесуваме кисели намирници, тие оставаат кисел остаток во телото така да ако нашата прехрана преферира преголемо внесување на кисела храна доаѓа до преголемо собирање на овие кисели остатоци што пртедизвикува состојба на прекиселеност на телото, познато под името ацидоза. Ацидозата долгорочно ја успорува ефикасната работа на нашето тело и предизвикува недостаток на енергија, лош здравствен профил и проблеми со прекумерена тежина.

Она што е најмногу важно е губитокот на есенцијалните минерали како калциум, магнезиум и калиум и тоа само затоа што со отпуштање на овие минерали телото се обидува да го неутрилизира вишокот на киселост, односно да воспостави здрав pH баланс.
Колку треба да внесуваме кисели намирници во прехраната?
Денес сме преплавени со разни програми на прехрана, а во алкалната програма се сретнуваме со различни мери на внесување на алкални и кисели намирници.
Така некои луѓе внесуваат минимално внесување на кисела храна, а повеќе користат алкална храна.
Некои велат дека треба да се внесува 20% ацидна а 80% алкална храна додека докторката Лејла Кажиниќ смета дека внесувањето треба да биде 60% алкална храна а 40% ацидна храна.
Како можеме да знаеме дали некоја намирница е алкална или кисела? Како стручњаците ја одредуваат таа вредност?
Се вари се скоро што ќе се изеде па во остатоците на храната после варењето може да се измери pH вредност и така да се одредатн хемиските реакции кјои сме ги изеле и да се одлучи дали е кисела или алкална.
Јадете го ова ако сакате да се држите до алкализирана исхрана…

-авокадо
-брокула
-зелка/кисела зелка
– морков
– цвекло
-целер
– печурки, како лисичарки и шампињони
– морски алги како што се нори, комбу
– краставица
-кромид
-грејпфрут
-соја
– банана
– грозје
-мед
-киви
-лимон
– просо
-маслиново улје
– зелен грашок
– ананас
-ротквица
– јагода
-сезамови семки, -сезамов намаз
 
Храна со која треба да бидете внимателни
– Киселата реакција во телото ја предизвикуваат протеините од животинско потекло, и се смета дека со секои прекумерени 10г протеини кои ги внесуваме- губиме 100 мг калциум со мокрењето. Поради тоа не претерувајте со белковините.
– Газираните пијалоци се исклучително богати со фосфор, минералот кој го предизвикува губитокот на калциум кога се зема во големи количини.
– Не пијте повеќе од 3 кафиња дневно бидејќи кафето изразува киселост во телото.
– Рафинирани намирници како белиот леб, колачите и лиснатите теста предизвикуваат киселост во телото и тераат калциумот од коските да ја поништи киселата реакција во телото.
– Внимавајте и со темните чаеви
– Намалете го внесувањето на масната храна, како пржената на пример.
– Пушењето и пиењето кафе се исто така две „пријателски“ навики кои создаваат киселост во телото.
Дали е вистина дека храната кога ја готвиме, станува кисела во однос на сировата?
Вистина е дека готвењето ја прави храната покисела и дека е подобро да се јаде сирова храна која ќе ја подобрува алкалноста на телото односно алкалната сирова храна е клуч за здравјето.  Веќе добро позната ни е важноста за алкалната исхрана, но не е на одмет и нејзиното вистинско дејство.
Како правилно да се храните

Пронајдете не на следниве мрежи: