Освен вишокот килограми, слатките можат да направат хаос во организмот, а доколку имате некој од овие симптоми, време е да се збогувате со шеќерот ако го внесувате над границите на нормалата.Чувствувате честа потреба по благо
Колку повеќе внесувате шеќер, толку повеќе вашето тело ќе бара. Ќе се чувствувате како наркоман. Поентата е во тоа што со внесувањето на големо количество шеќер, влијаете на нивото на хормони во организмот. Штом вашето тело ќе го истроши внесениот шеќер, ќе ви биде грозно и ќе мора да јадете уште благи за да се чувствувате добро.
Се чувствувате тромаво
Имате осцилации во расположението? Тоа може да биде од преголемо количество слатки, бидејќи со доза шеќер влијаете на инсулинот, односно нивото на шеќер во крвта, а општо е познато дека нивото на телесна енергија во најдобар баланс е токму тогаш кога и нивото шеќер на крвта е еднолично. Затоа вашата енергија по јадење слатко може да скокне високо, но многу брзо таа ќе почне да паѓа сѐ додека буквално не ве прикова за каучот.
Проблеми со кожата
Вашата кожа ќе ви сигнализира ако јадете премногу слатко. Лишаите, сувата и чувствителната кожа навистина можат да бидат знак дека јадете премногу слатко!
Знак во вашата уста
Иако не мора да бидат тесно поврзани, многу често шеќерите се виновни за кариес на забите со оглед на тоа дека бактериите кои остануваат на забите почнуваат да создаваат киселина од која настанува кариесот.
Мислите ви се замаглени
Замаглени мисли и пад на концентрација се класична нус-појава при пад на нивото на шеќер во крвта која многумина ја „лекуваат“ со нова доза. Но, сетете се на почетокот на приказната и волшебниот круг – колку повеќе јадете слатко, повеќе влијаете врз нерамнотежата на шеќерот во крвта и побрзо ви паѓа шеќерот доведувајќи ве до ваква „магловита“ состојба. Сѐ само поради тоа што вашиот организам ја бара својата доза на која сте го навикнале.Чувствувате честа потреба по благо
Колку повеќе внесувате шеќер, толку повеќе вашето тело ќе бара. Ќе се чувствувате како