Градоначалникот на општина Пустец на својот Фејсбук профил ја објави Декларацијата во која се наведува: Македонците во Албанија не се Бугари.Во продолжение го пренесуваме целосно текстот објавен на неговиот Фејсбук профил.
Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција како единствена Македонска Партија што ги преставува интересите на македонскиот народ во Албанија го подржува Прогрес-Извештајот на Албанија за интеграција на Република Албанија во Европска Унија преку општо али е длабоко вознемирена и протестира за содржината на извештајот каде се споменува дека во Мала Преспа , Голобрдо и Гора наводно постои булгарско малцинство предложено од булгарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски.Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција истакнува дека малцинството што живее во овие простори е македонско малцинство официјално признаено во Преспа али не и во регионот на Голобрдо и Гора.Македонците во Албанија не се ,, Булгари,,. Во Албанија живее македонско , грчко, српско-црногорско , влашко , ромско , босанско и египетско малцинство и напорите за признавање на непостоечко булгарско малцинство во Албанија го сметаме како фалсификат на Историјата и на вистината .Во Албанија нема булгарско малцинство . Такво малцинство има во главите на булгарските официалните лица во Софија кои продолжуваат со антимакедонизмот како официјална политика за негирање на македонскиот народ.Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција Прогрес-Извештајот на Албанија за интеграција на Република Албанија во Европска Унија одобрен од Европскиот Парламент во делот каде се бара признавање на булгарското малцинство во Преспа , Голобрдо и Гора го смета како сериозно кршење на меѓународниот закон, Универсалната Декларацијата на Човековите Права и Слободи, геноцид над македонскиот народ и злосторство над човештвото.Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција бара од Булгарија да не измислува булгари тамо каде што не постојат туку да го признае македонското малцинство во Булгарија .Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција бара од Брисел да не ги злоупотребува Македонците од Албанија како препрека на патот на Албанија во процесот за Интеграција во европската Унија .“Во продолжение го пренесуваме целосно текстот објавен на неговиот Фејсбук профил.
Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција как