Полицијата без налог ми стави лисици пред мало дете , вели Едмонд Темелко, градоначалникот на Пустец во утринската емисија на Сител „ Ја сакам Македонија“-Ме уапсија полицајците без да покажат налог, жена ми им ја турна вратата, дури после кажаа дека се полиција и ја покажаа значката. Не ме оставија ни да се облечам, цело време одеа по мене, вели Темелко.
Тој вели дека неговото малолетно дете било истрауматизирано од начинот на апсење од страна на полицијата.
-Ги прашав дали имаат налог и како може така без ништо да ме апсат. Дури тогаш ми покажа еден документ потпишан од СЈО на кој пишуваше, да се лиши од слобода. Ме земаа прво и ме донесоа во Ресен, а потоа во Битола. Нај трагично беше тоа што и детето беше кога излегов од станот и ми ставија лисици и цело време го гледаше тоа и доби траума, бидејќи сакаше да покаже сила началникот, истакна Темелко.-Ме уапсија полицајците без да покажат налог, жена ми им ја турна вратата, дури после кажаа дека се полиција и ја покажаа значката. Не ме оставија