Кочо Анѓушев ја злоупотребува својата положба во власта на секој можен начин. Откако неговата фирма успеа да го добие тендерот на ЕЛЕМ, гигантот „Фени“ дојде пред стечај, сега сака владата целосно да ги укине давачките за електрични литиум – јонски акумулатори кои ги користи само фирмата на Анѓушев, истакна Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.-Електрични литиум – јонски акумулатори го користи само фирмата „Брако“ која е во сопственост на Кочо Анѓушев, и која овие батерии треба да ги вгради во моторни возила за специјална намена – чистење на улици и патишта со електричен погон. „Брако“ треба да произведе 35 вакви возила во вредност од 2 милиони евра. Со ова личното богатство на Анѓушев дополнително ќе се зголеми на сметка на Буџетот кој сите граѓани го полнат. Ова ослободување на давачки треба да биде привремено и да важи до 30 септември 2018 година, со што ваквата одлука не треба да се разгледува во Собранието туку само на седница во владата. Со ова се заобиколува и јавноста која не може да ги дознае сите детали кои доколку би имало расправа во Собрание и доколку се извадат сите факти пред граѓаните ќе предизвикаат големо незадоволство од работата на владата, рече Стојаноски и додаде:
„Тендерашот Кочо Анѓушев и аболицираниот криминалец Зоран Заев направија пустош во македонската економија. Последниот пад на индустриското производство за 5,3 отсто ја покажа целата неспособност на владата на СДС. Ова е судир на интереси по кој вицепремиерот, Кочо Анѓушев мора да поднесе одговорност и да си поднесе оставка. На 15-ти октомври гласачите ќе ја казнат ваквата злоупотреба на власта на СДС“.
-Електрични литиум – јонски акумулатори го користи само фирмата „Брако“ која е во сопственост на Кочо Анѓушев, и која овие