Тенерифе-Островот на вечната пролет

Тенерифе е шпански остров, сместен во Атлантскиот океан, во близина на брегот на Африка. Тој е најголемиот и најпознат од Канарските острови. Несекојдневниот спој на тропска вегетација и темни вулкански карпи го прави островот едно од најпосакуваните места за одмор, особено за луѓето што уживаат во егзотиката. Местоположбата му овозможува да има идеална клима, па така температурата на воздухот во текот на целата година се движи во границите меѓу 20 и 30 Целзиусови степени, и тоа на жителите им отвора можност да имаат 12-месечна туристичка сезона.

Од златните песочни плажи на југ, до неверојатните пустински пејсажи во Националниот парк Моунт Теид, Тенерифе има за секој по нешто. Добрата клима ги привлекува туристите преку цела година, а одличен избор е и за романтични и за семејни патувања.
Без разлика дали сте заитересирани за водени спортови, забава, излежавање на плажа или ендемскиот свет на растенија, можете да бидете сигурни дека на овој остров ќе си поминете одлично.

Тенерифе има многу необична историја, Главниот град Санта Круз е местото каде Хорацио Нелсон ја загубил битката.
Секоја година во градот се одржуваат историски настани каде можете да видите оружје, муниција и војници облечени во стари униформи. Покрај интересната историја, островот го поврзуваат и многу бајки и легенди.
Тенерифе е меѓународно познат како „Остров на вечната пролет”. Островот е на иста географска ширина како и пустината Сахара, а карактеристично за него е топлата клима преку цела година. Во зима температурата се движи од 20 до 22 степени Целзиусови, додека во лето од 26 до 28.

Една од најинтересните е онаа за Атлантида. Според таа легенда, Тенерифе е една од последните видливи точки на изгубениот град, чијшто остатокпотонал на дното од океанот. Сепак многумина велат дека Атлантида е всушност- Санторини.
Најинтересниот дел од Тенерифе е вулканот што се наоѓа на врвот на планината Теиде, на 3.718 метри. Тој сега е изгаснат, а последната голема ерупција била во 1909 година. Месното население верува дека во неговата внатрешност живее духот на големиот и моќен ѓавол, кој кога ќе се налутел ги казнувал жителите на островот со испуштање врела лава.

Ако некогаш го посетите Тенерифе, не смеете  да го  пропуштите  гратчето Гимар, кое ја крие најголемата мистерија на Тенерифе – малите пирамиди со шест скалила, кои личат на оние од Перу, Мексико и од Месопотамија.

Задолжително мора да се посети и огромната ботаничка градина, во која има безброј растенија од целиот свет. Според големината и разновидноста на растенијата, таа е една од најубавите во светот.Тенерифе е шпански остров, сместен во Атлантскиот океан, во близина на брегот на Африка. Тој е најголемиот и најпознат

Пронајдете не на следниве мрежи: