Случајно малку се удривте и веднаш ви излезе модринка?
Во тој случај, припаѓате во групата на лица на кои им излегуваат модринки и на благ притисок, а се случува да немате поим ни кога, ни како, ни зошто тој грд плаво – виолетов груг се појавил на вашата кожа.
Немојте да паничите. Еве неколку причини, кои доктор Холи Филипс ќе ви ги објасни, зошто постојано ви излегуваат модринкиТенка кожа
Модринката настанува кога крвните седаови, кои се наоѓаат под кожата, ќе испукаат од удар, па крварат под кожата.
Оштетување од сонцето
Кожата оштетена од UV зрачење, ја губи еластичноста и провидноста,а тоа води до создавање на модринки.
Дигање тегови
Иако можеби ви се чини дека не кревате голема тежина, кревањето тегови може да создаде микроскопски солзи во влакната на мускулите, кои се манифестираат како модринки.
Лекарства
Аспирин, стероиди, како и разредувачи на крвта можат да го спречат зрутчувањето на крвта. Доктор Филипс вели дека доколку ви се случува тоа, кога ќе се удрите, внатрешното крварење ќе трае подолго отколку што е нормално.
Наследен фактор
Ова е многу важен фактор кога се работи за тоа дали лесно ќе добиете модринки или не. Филипс смета дека доколку вашите родители имаат ваков проблем, најверојатно ќе го имате и вие.
Блед тен
Всушност бледата кожа не значи дека ќе бидете склони на модринки, но и најмалата обоеност која ќе се појави, на вашата кожа е многу видлива.
Скриени болести
Оваа причина е ретка, но понекогаш лесно добиената модринка може да биде знак на пореметување во згрутчувањето на крвта, па дури и леукемија – предупредува Филипс. Со оваа болест се јавуваат и други симптоми, така да нема потреба веднаш да почнете да паничите.
Доколку повеќе не можете ни да ги изброите , ниту пак да објасните како настанале, за секој случај постете лекар.Тенка кожа
Модринката настанува кога крвните седаови, кои се наоѓаат под кожата, ќе испукаат од удар, па крварат под



