Тензична ситуација на границата помеѓу Црна Гора, Албанија и Косово!

Како што јавуваат албанските медиуми, ситуацијата на границата помеѓу Црна Гора и Косово е тензична, откако црногорската полиција им забрани влез на Албанците во едно село.„Коха диторе“ пишува дека спречувањето на албанските граѓани да пристапат на своите поседи долж границата со Црна Гора, што се случило во средата, е толкувано како почеток за спроведување на еднострано разграничување, иако таква спогодба не е ратификувана.
Според зборовите на албанските адвокати, старата граница е и понатаму во сила, поради што од локалните власти се очекува да дадат објаснување дали дојде до кршење на административната линија, но институциите молчат за овој инцидент.
Кога стигнале до косовската царина, евидентираните од страна на косовската полиција поминале понатаму, но кога дошле 500 метри подалеку, ги дочекале црногорските сили, спречувајќи ги да го поминат граничниот премин кај Подгорица.
Албанците и претходно наведуваа дека Црна Гора им има одземено 12.000 хектари косовска територија, па најавија „институционална војна“ доколку не се реши ова прашање.„Коха диторе“ пишува дека спречувањето на албанските граѓани да пристапат на своите поседи долж границата со Црна Гора, што се случило

Пронајдете не на следниве мрежи: