Тоа е една од очекуваните ефекти на т.н. Шарена револуција и на оние политички елити којшто веќе две години и повеќе ја контролираат партијата СДСМ. Уличниот судир помеѓу Македонците е една од најголемите опасности кои можат да и се случат на Македонија.Ние неколку пати во изминативе години бевме многу блиску до тоа, но за среќа се избегна и да се надеваме дека тоа сценарио нема да се реализира. Македонскиот народ во целина ја препозна валканата игра и валканите цели помеѓу останатите и оваа цел за улично судирање помеѓу Македонците по што ќе следува класичен протекторат врз Република Македонија, вели политичкиот аналитичар Тони Науновски.
На прашање како да се избегне можен судир меѓу Македонците, политичкиот аналитичар Тони Науновски вели:
-Свеста кај македонскиот народ е конечната брана пред сите овие налудничави сценарија за закрвување помеѓу Македонците и предизвикување на улични насилства, што неколку пати имаше опасност реално да се случи. Да не заборавиме како започна сето тоа, пред повеќе години, во т.н. Црн понеделник, поранешен Претседател и лидер на СДСМ заедно со денешниот лидер на СДСМ пробаа да го пробијат полицискиот конвој пред Собранието и тоа беше многу ужасен пример за тоа како не треба да се однесуваат одговорни политичари кои треба да ги смируваат состојбите и со дијалог и рационална аргументација во легитимните легални институции во државата да ги разрешуваат политичките проблеми за напредок на самата државата и општото добро на граѓаните, кажа Науновски.Ние неколку пати во изминативе години бевме многу блиску до тоа, но за среќа се избегна и да се надеваме дека тоа сценарио нема да се реализира. Ма