Командир на смена во Затвор Штип вчера околу пладне пријавил физички напад над затвореникот С.М. од Скопје од страна на повеќе осуденици кои му нанеле видливи повреди.Полициски службеници излегле местото на настанот и констатирале дека по претходна расправија помеѓу лицата С.М. и Б.И. од Кочани, С.М. физички го нападнал Б.И. Истиот им се пожалил на Т.П. од Свети Николе и С.Г. од Скопје, двајцата затвореници во КПУ-Затвор Штип, кои го нападнале С.М. удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, при што му нанеле видливи повреди, контузија на нос и носна коска. С.М. бил пренесен во Клиничка болница Штип, заради санирање на повредите, информираат од полицијата.
Извршен бил увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.Полициски службеници излегле местото на настанот и констатирале дека по претходна расправија помеѓу лицата С.М. и Б.И. од Кочани, С.М. физички го н