Професорката Билјана Ванковска на социјалните мрежи пишува дека екс министерот на СДСМ Љубомир Фрчковски продолжува со навредите кон жените кои не го делат неговото мислење. За потсетување, како што објавуваа медиуми тој со првата сопруга се разведе поради неговото физичко малтретирање, а јавноста го памети и скандалот кога физички нападна жена на паркинг.-Вчера кај некој ФБ пријател прочитав дека Фрчкоски извесна колешка (од негов факултет) ја нарекол „очајна уставна домаќинка“. Да ве потсетам дека овој женомрзец не поштедувал ни други колешки. На пример, пред повеќе години Рената Дескоска во колумна ја нарече искубана кокошка, јас и Силјановска еднаш бевме домаќинки кои знаат само ајвар да прават, а вториот пат (на општо воодушевување на интелоектуалната публика) бевме наречени „невести кои тикви брале и за тврд пендрек сонувале“. И да не набројувам – јасно ви е. Она што мене до ден денешен не ми е јасно како можат паметни луѓе да не забележуваат, или дури и да се восхитуваат на ваков говор, особено кон жени. Неговата мизогинија запретана во експертска и политичка наметка му носи опрост од сите борци за човекови права, па дури и првите луѓе на факултетот и УКИМ не се тревожат – напротив, колешките се тие кои треба да се издигнат над ситуацијата, а фраеров бил баш кул. Јас не велам дека колешката за која вчера пишувам е на високо академско или експертско ниво; напротив! Но, наместо со контрааргументи да ја побива нејзината теза или тезата на која и да било друга жена, тој се служи зо мизогинија. Нему немам ни што да му простувам, го игнорирам како истрошен професор и политикант, ама им се чудам на овие кои му аплаудираат. Во иднина ќе се обидам да си подзачистам меѓу ФБ пријателите (најчесто мажи, ама и жени) кои паѓаат на фрчковизмот како на највисок стадиум на интелектуализам. И не само кога станува збор за професорки, туку генерално за жени – за јавната дебата, па дури и за евентуална кривична или политичка одговорност, изгледот на жената, нејзината улога на домаќинка или готвачка на ајвар, па и на невеста која бере тикви, е нерелевантна, а спаѓа во говор на омраза и ad hominem дисквалификација. Толку, па ако ве избришам од листата – да си знаете дека е тоа поради дискриминација на жените, а не поради вашата вљубеност во колегата (не)домаќин, пишува професорката Ванковска.-Вчера кај некој ФБ пријател прочитав дека Фрчкоски извесна колешка (од негов факултет) ја нарекол „очајна уставна домаќинка“. Да ве по
Пронајдете не на следниве мрежи: