Терапија со тестостерон: Потенцијални придобивки и ризици!

Можностите на терапијата со тестостерон се примамливи: ја зголемува мускулната маса, го изострува умот и ја зголемува концентрацијата, го зголемува либидото и ја поттикнува целата енергија на организмот. Со поминувањето на годините, примањето на тестостерон може да звучи како универзална антивозрасна мерка, но користа од оваа терапија поврзана со природното намалување на машкиот полов хормон, не е толку јасна како што изгледа.
Што претставува тестостеронот?
Тоа е хормон кој претежно се излачува од тестисите и влијае на:
– Густината на коските.
– Распределбата на мастите.
– Мускулната маса и сила.
– Производството на црвени крвни зрнца.
– Сексуалната желба.
– Производството на сперма.
При едно специфично заболување, како што на пример е хипогонадизам, односно кога телото не е во состојба да произведе нормално количество на тестостерон поради проблем со тестисите или со хипофизата, терапијата со тестостерон може да го надомести недостатокот од потребното количество на овој хормон.
Вообичаено лекарите препишуваат тестостерон во форма на лепенки, инјекции или гелови.
Кај здравите мажи производството на тестостерон се одвива во периодот на адолесенцијата, па сѐ до почетокот на зрелоста. Со напредување на возраста, нивото на хормонот започнува постепено да се намалува и тоа вообичаено за еден процент годишно по 30-тата година. Важно е да се определи кај секој маж, кој има некакви проблеми, дали кај него намаленото ниво на тестостерон е резултат на природното опаѓање според возраста или, пак се должи на некои заболувањa како хипогонадизам.

Дали природното намалување на тестостеронот e симптом на стареење?
Специјалистите се децидни: не е задолжително, но со напредување на годините секој организам се менува, а дел од тие промени можат да бидат поврзани со помалото количество на тестостерон.
На пример:
– Промени во сексуалната функција, намалена желба за полов однос, помали и послаби спонтани ерекции и тоа за време на спиење, намалена или изгубена способност за оплодување.
– Промени во спиењето, како несвестица, тешко заспивање, лесен сон.
– Разни физички промени, редукција на мускулната маса и сила, складирање на масти во телото, зголемување на градите (гинеко мастија), намалување на енергијата, опаѓање на коса, а поретко се среќаваат топли бранови.
– Емоционална лабилност, намалена мотивација, самодоверба, недостаток на концентрација, слабеење на умот, депресии.
Важно е да се забележи дека некои од споменатите симптоми се дел од нормалните промени кај возрасните.
Останатите пак може да бидат причинети од споредни проблеми, како што се заболувања на штитната жлезда, примање на лекарства, преголема употреба на алкохол. Затоа не треба да го обвинувате намалениот тестостерон за сите неуспеси. Природниот начин да се утврди реалното ниво на тестостерон во организмот е преку тестирање на крвта.
Дополнителното внесување на машкиот полов хормон во организмот има докажано позитивна улога при хипогонадизам. Но, сѐ уште не е јасно дали овој пристап влијае кај луѓето кои имаат природно намалување на нивото на тестостерон.
Исто така, доста мажи веруваат дека препаратите кои содржат тестостерон можат да им дадат младешки изглед и да бидат поенергични. Но, неколку научни истражувања го покажуваат токму спротивното. Така на пример, во едно проучување на здрави мажи кои примале тестостерон им се зголемила мускулната маса, но не и нивната вистинска сила.
Освен тоа, примањето на тестостерон носи и ризици:
– Се претпоставува дека може да се појави апнеа, односно нарушување на сонот, кога дишењето неколку пати запира, па потоа повторно се појавува.
– Патолошко зголемување на бројот на црвените крвни зрнца еритроцити (полицитемија), може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни инциденти.
– Појава на акни и останати кожни реакции.
– Стимулирање на бенигна хиперплазија на простатата (зголемување на простатата) или евентуално побрз развој на веќе постоечкиот рак на простатата.
– Зголемување на градите.
– Намалено производство на сперма или намалување на размерот на тестисите.
Сепак, за придобивките и ризиците од дополнителната терапија со тестостерон сериозно треба да разговарате со својот лекар, а доколку сметате дека е потребно, тогаш можете да побарате мислење и од друг лекар. Во моментов повеќето лекари препорачуваат лечење со тестостерон само кај пациенти кои имаат хипогонадизам, но не кај мажите кои имаат намалено ниво на хормонот кое е поврзано со природното стареење.Со поминувањето на годините, примањето на тестостерон може да звучи како универзална антивозрасна мерка, но користа од оваа терапија поврзана со пр

Пронајдете не на следниве мрежи: