Терористички напад во Франција- викнал „Алаху акбар“ и ги нападнал минувачите

Седум лица биле нападнати во францускиот град Тулуз, од напаѓач кој наводно извикувал „Алаху акбар“.Човекот, за кого се верува дека е во своите рани 40-ти години, извикал „Алаху акбар“ пред да почне физички да ги напаѓа минувачите.
Полицијата веднаш била известена за овој инцидент. Биле потребни тројца полицајци за да го уапсат напаѓачот и да ја стават ситуацијата под контрола.

„Разговаравме кога тој се нафрли на нас. Најпрвин го фати мојот син, а потоа ја тепаше мојата ќерка. Тогаш почнавме да трчаме“, извести еден од нападнатите за локалните медиуми.
Двајца од повредените биле задржани во болница со полесни повреди, додека останатите биле пуштени на домашно лекување.Човекот, за кого се верува дека е во своите рани 40-ти години, извикал „Алаху акбар“ пред да почне физички да ги напаѓа минувачите.

Пронајдете не на следниве мрежи: