Најмалку 11 лица го загубиле животот, а над 78 се ранети откако автомобил-бомба експлодирал во близина на полициската станица во местото Џизре на југоистокот на Турција. Одговорноста за нападот ја презеде ПКК.Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш изјави дека Исламската држава, курдските бунтовници и курдските борци од Сирија го користат минатомесечниот неуспешен воен удар и ја напаѓаат Турција. Куртулмуш преку својот профил на Твитер порача дека Турција е одлучна во намерата да ги заштити своите граници.
Нешто порано, турскиот министер за здравје Реџеп Акдах изјави дека во нападот биле повредени над 70 лица. Тој за медиумите соопштил дека бројката на загинати засега не е позната, односно не сакал да изнесе број на жртви.
Турската државна новинска агенција „Анадолија“ пренесува дека за нападот се одговорни припадниците на Работничката партија на Курдистан (ПКК), а борците на оваа организација тоа го потврдија преку соопштение подоцна.
Иако станува збор за ретка пракса, припадниците на Работничката партија на Курдистан, организација која што Турција, САД и ЕУ ја сметаат за терористичка, ја превзела одговорноста за нападот во Турција.
„Нашиот пожртвуван тим изведе обемна акција во Џизре во која што загинаа десетина турски полицајци“, соопштиле од ПКК, пренесува новинската агенција “AFP”.
Во соопштението објавено на сајтот на ПКК стои дека нападот бил одмазда за „континуираната изолација“ на нивниот осуден лидер Абдулах Оџалан и „недостатокот на информации“ за неговата здравствена состојба. Оџалан е во затвор на островот Имрали, а повеќе од една година не му се дозволени посети од страна на адвокат или неговите поддржувачи.
Од ПКК соопштиле дека стојат и зад вчерашниот напад во провинцијата Артвин кога беше нападнат конвој на возила каде што бил турскиот опозициски лидер Кемал Киличардоглу, но негираа дека тој бил мета на нападот – „Киличардоглу во никој случај не беше на мета на нападот“, соопштија од ПКК додавајќи дека нивна единствена мета се припадниците на турските безбедносни сили.Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш изјави дека Исламската држава, курдските бунтовници и курдските борци од Сирија го користат минатомесечниот не