Терористите пееја албанска химна, се закануваа дека во Македонија нема да има мир

Седум доживотни казни затвор, 13 по 40 години, шест по 20 години, една од 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години затвор и четири ослободителни пресуди, им одреди денеска Кривичниот суд на обвинетите за настаните во кумановската Диво насеље во мај 2015 година во кои загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили.Денешното рочиште во судот помина во тензична атмосфера. Пред да бидат прочитани пресудите, обвинетите станаа од своите места и почнаа да ја пеат албанска химна, да викаат УЧК, УЧК, да упатуваат закани дека крвта на убиените нема да остане неказнета, дека во Македонија ќе нема мир.

Судијката потоа ги острани од судницата повеќето обвинети кои правеа неред, по што беа прочитани пресудите.
По објавувањето на пресудите за 33-цата обвинети, судијката ги прочите и ослободителните за Османи, Бесник Бајрами, Ибрахим Муртезани и Бесник Ајдини. Еден од нив беше прво обвинет, а тројца второобвинети, од така наречената логистичка група.
Насер Рауфи, кој е еден од адвокатите на осудените, по изрекувањето на пресудата, рече дека ова е сценарио на тајните служби и дека не очекувал обвинетите да добијат толку високи казни. Тој смета дека станува збор за монтиран предмет и побара независна истрага.Денешното рочиште во судот помина во тензична атмосфера. Пред да бидат прочитани пресудите, обвинетите станаа од своите места и почнаа да ја п

Пронајдете не на следниве мрежи: