Терористите се стремат кон создавање на армија од роботи-убијци!

Терористички групи работат на создавање на армии од интелигентни роботи-убијци, способни да елиминираат голем број невини луѓе.Тоа е дел од тврдењата направени во истражувањето објавено од ОН. Неодамна, светската организација одржа итна средба за разгледување на опасностите кои произлегуваат од машини-убијци.
Експерти од десетици земји се собраа во Женева за да разговараат за мрачните можности на „смртоносни автономни системи на оружје“ (САОС – „Lethal Autonomous Weapons Systems“), кои се способни да вршат убиства, без да е потребна човечка контрола над нив. Сличен вид машини се познати на пошироката јавност од филмовите како „Терминатор“, но во реалноста роботи-убијци можат да бидат сè – од паметна мина до вооружен дрон со митралези.
ОН сака да воведе построги правила за користење на роботи-убијци, за да се обезбеди дека тие нема да бидат користени како оружје за војна, но сигурно може да се каже дека терористите нема да се согласат со овие правила.
„Иако овие системи (роботи-убијци), можат да бидат достапни на технолошки најнапредните земји во почетна фаза, веројатно е дека тие ќе бидат дистрибуирани“ – се вели во извештајот. „Терористите во реалноста активно бараат такви системи“ – продолжува документот.
Поради незаконски начини за ширење, можно е САОС да падне во рацете на терористите.
Светот е на работ на револуција во роботиката, во која се очекува да видиме машини да ги преземат улогите на луѓето и потенцијално да предизвикаат невработеност на катастрофално ниво. Но, колку повеќе распространети стануваат роботите, толку полесно тие може да паднат во рацете на терористите и да бидат употребени за убиство на невини луѓе.
Во извештајот на ОН се вели дека поради својствениот двоен карактер при употребата на роботската технологија, многу системи кои првично биле создадени за цивилни цели, лесно можат да бидат променети и да бидат претворени во механички убијци.Тоа е дел од тврдењата направени во истражувањето објавено од ОН. Неодамна, светската организација одржа итна средба за разгледување на опасностите

Пронајдете не на следниве мрежи: