Тешка кражба во стан во Битола- украдрени оружје, девизи и златен накит

Непознат сторител вчера во стан сопственост на Д.Л. од Битола, извршил тешка кражба -соопштија од МВР.Сторителот со подесен клуч ја отклучил влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување и од спалната соба одзел еден пиштол марка „Црвена Застава“ калибар 7,65 мм, муниција 5×25 пакетчиња калибар 7,65 мм, 2×25 пакетчиња калибар 8,57мм и непозната количина муниција за малокалибарска пушка, 1 200 евра, 1400 австралиски долари, паричник во кој имало 300 австралиски долари и 8000 денари, и поголема количина златен накит.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.Сторителот со подесен клуч ја отклучил влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување и од спалната соба одзел еден пиштол марка „Црвена

Пронајдете не на следниве мрежи: