Две лица се загинати во страшна сообраќајна несреќа која се случила денеска попладне на излезот од Гостивар, објави „Канал 5“.Во директен судар на две возила „Мерцедес“ со црногорски регистарски ознаки и „Опел Астра“ со охридски регистарски таблички животот го загубиле Ѓ.С. (61) и сопатничката А.С. (28).
Двајцата загинати се сопатници на патничкото моторно возило „Опел“, а возачот со иницијали Н.С. од Кичево на возраст од 30 години со повреди е пренесен во медицинскиот центар во Гостивар.
Во полициската станица Гостивар приведен е возачот на Мерцедесот со црногорски регистарски ознаки кој е на возраст од 55 години од село Раотинце Тетово.
Увидот е во тек, а на патниот правец Гостивар – планински премин Стража, сообраќајот е во прекин.Во директен судар на две возила „Мерцедес“ со црногорски регистарски ознаки и „Опел Астра“ со охридски регистарски таблички