Тешка сообраќајка на патот Ресен-Стење, возачот во кома

Дваесет и осум годишниот В.К. од селото Царев Двор е тешко повреден и во коматозна состојба хоспитализиран во битолската болница по сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне.Од полицијата информираат дека околу 17:40 часот на патот Ресен-Стење, поточно на влезот во с.Царев Двор кај црквата „Св.Никола“, се случила сообраќајна незгода во која В.К. управувајќи „Голф 4“  изгубил контрола над автомобилот, при што излетал надвор од патот и удрил во железна ограда.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.
 Од полицијата информираат дека околу 17:40 часот на патот Ресен-Стење, поточно на влезот во с.Царев Двор кај црквата „Св.Никола“, се сл

Пронајдете не на следниве мрежи: