Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Т.Н.(28) од Струга, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.На 10.11.2017 година во куќа во Струга сопственост на И.А.(55), пријавениот со употреба на подесен предмет извршил тешка кражба, од каде одзел телевизор, облека , мобилен телефон, ДВД, звучници, пари и злато.
Била причинета материјална штета од 120.000 денари.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.М.(39) од Радовиш, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“.
Во временскиот период од 17,30 часот на 21.11.2017 година до 08,50 часот на 22.11.2017 година, пријавениот со употреба на погоден алат насилно го скршил катанецот од влезната врата од автосервис во Радовиш, од каде одзел патничко возило „Опел корса“, со што се стекнал со противправна имотна корист од 250.000 денари.На 10.11.2017 година во куќа во Струга сопственост на И.А.(55), пријавениот со употреба на подесен предмет извршил тешка кражба, од каде одзел теле