Тешко повреден македонскиот кошаркар Дамјан Стојановски

Играчот на македонскиот кошаркарски шампион и македонски репрезентативец Дамјан Стојановски на вчерашниот дуел со Левски од АБА лигата ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено и поради повредата ќе мора да паузира најмалку шест месеци.Стојановски се повреди на три минути пред крајот на натпреварот откако неполна минута претходно го донесе првото водство за својата екипа против Левски.
 
Повредата на лигаментите мора со оперативен зафат да биде санирана во најкус рок, а паузата ќе трае неколку месеци што значи дека за него првенството во АБА лигата е завршено. Истото се однесува и за домашниот шампионат.
 
Останува да се види колку ќе трае процесот на рехабилитација, па евентуално Дамјан Стојановски да се врати на теренот во текот на летото и со тоа да биде на располагање на селекторот Александар Џикиќ за настап во дресот на македонската репрезентација во септември 2015 година на Европското првенство. Стојановски се повреди на три минути пред крајот на натпреварот откако неполна минута претходно го донесе првото водство за својата екипа против

Пронајдете не на следниве мрежи: