Производителот на електрични автомобили „Тесла“ подготвува два нови буџетски модели. Сигурно во текот на март ќе го видиме Model 3, а подоцна во текот на годината најверојатно ќе се појави и Model Y.Претходно денеска, технолошкиот блог Electrek најави дека компанијата ќе претстави два нови автомобили во март, а информацијата се засноваше на презентацијата на „Тесла“, направена во Хонг Конг.
Од производителот ја демантираа делумно информацијата, но не негираат дека ќе подготват и втор нов модел за оваа година.
Познато е дека Model 3 ќе биде буџетски седан со цена околу 30.000 долари. Тоа не е малку, но во САД колата би била директно евтина со отстапките од даноци и субвенции за купување.
Досегот на третиот модел ќе биде 320 километри со едно полнење, а 480 за Model S. Што ќе претставува Model Y и воопшто дали ќе се вика така, сѐ уште е мистерија.
Претпоставката за него се базира на порака на Твитер напишана од извршниот директор на „Тесла“, Елон Муск во октомври.
Тогаш Муск напиша: „Ќе има Model 3 и Model Y. Едниот од нив ќе биде…“ (со емотикон со кој се отвораат нагоре врати).
Соопштението следуваше како одговор на прашањето на фановите и беше избришано малку подоцна. Врз база на оваа информација се претпоставува дека Model Y ќе биде поевтина верзија на Model X и дека ќе чини околу 35.000 долари.
Причината е дека разликата во цената помеѓу Model S и спортскиот Model X е близу 5.000 долари.
Денес, исто така стана јасно дека од компанијата го имаат вработено Џим Келер, еден од креаторите на „А“ процесорите на Apple. Тој стана потпретседател на Autopilot Hardware Engineering, одделот на „Тесла“ за развој на автомобили со автономно управување.
По сè изгледа дека откако завладеа пазарниот сегмент кај high-end електричните автомобили, „Тесла“ цели кон масовна потрошувачка.Претходно денеска, технолошкиот блог Electrek најави дека компанијата ќе претстави два нови автомобили во март, а информацијата се засноваше на пре