Тест на Далај Лама за откривање на личноста

Секој има свои карактерни црти. Мислиме дека знаеме сè за себе, но понекогаш може да останеме пријатно изненадени. Следниот тест е тибетански и за него се смета дека е измислен од големиот Далај Лама.Многумина велат дека тестот е многу прецизен и ja покажува суштината на секој кој го има направено. Одвојте 5 минути и уверете се во неговата точност.
Забелешки: Земете пенкало и лист и запишете ги вашите одговори без да го погледнете решението на тестот. На секое прашање се дава само по еден одговор. Првото нешто што ќе ви текне обично е најдобриот одговор.

1. Подредете ги следниве животни од оние кои најмногу ви се допаѓаат, до оние кои најмалку ви се допаѓаат.
Крава
Тигар
Овца
Коњ
Свиња
2. Напишете по еден збор кој ги опишува следниве работи:
Куче
Мачка
Глувче
Кафе
Море
3. Размислете за луѓето кои на некој начин се важни за вас. Покрај секоја боја напишете по едно име, за да не ја повторувате истата личност по два пати.
Жолта
Портокалова
Црвена
Бела
Зелена
Доколку завршивте, можете да ги прочитате решенијата и нивното значење на наредната страна.

Задача број 1: Ги опишува вашите приоритетите во животот:
Кравата значи кариера.
Тигарот значи гордост.
Овцата значи љубов.
Коњот значи семејство.
Свињата значи пари.
Задача број 2: Ги опишува најважните аспекти во вашиот живот:
Вашиот опис на кучето ја означува вашата личност.
Вашиот опис на мачката го означува вашиот партнер.
Вашиот опис на глувчето го означува вашиот непријател.
Вашиот опис на кафето ја означува вашата перцепција за љубовниот живот.
Вашиот опис на морето го покажува начинот на кој живеете.
Задача број 3: Со неа ги организирате најважните за вас луѓе во вашиот живот, според тоа кој колку е посебен за вас:
Жолта – некој кој никогаш нема да го заборавате
Портокалова – некој кој го сметате за вистински пријател
Црвена – некој кој вистински го сакате
Бела – тоа е вашата сродна душа
Зелена – единствената личност која ќе ја паметите до крајот на животот и ќе биде блиску до вас.Многумина велат дека тестот е многу прецизен и ja покажува суштината на секој кој го има направено. Одвојте 5 минути и уверете се во неговата точно

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.