Тест со чаша вода кој открива дали вашата коса е здрава

Доколку е кршлива, тенка и без сјај, јасно е дека вашата косата не е во најдобра состојба. Но, дали некогаш сте се запрашале каква е нејзината структура? Овој тест ќе ви го открие тоа!Сè што треба да направите е да земете еден прамен од косата и да го потопите во чаша со вода. Доколку влакната од косата плутаат на површината, тоа значи дека вашата коса е во добра состојба. 
Спротивно од тоа, доколку вашите влакна тонат кон дното на чашата, тоа покажува дека косата е во состојба на “висока порозност”, односно дека е слаба и неотпорна на надворешните фактори.
Зошто влакното тоне?
Причината поради која се случува тоа е затоа што водата продира низ надворешниот слој на влакното, кое пак доведува до тоа косата под влијание на вода или влага да се витка, да го губи сјајот, а честопати и брзо да ја губи бојата.
Како да го подобрите квалитетот на косата?
Доколку сакате потполно да ја регенерирате вашата коса, треба да ја промените вашата исхрана, но и да обрнете внимание на правилната нега.
Во продолжение ви откриваме одлична маска за коса која ќе го потхрани влакното и длабински ќе го регенерира:
Изматете две белки, додадете две лажици јогурт, две лажици испасирано авокадо, лажица и пол испасирано киви, две и пол лажици мед и пет до осум капки есенцијално масло од рузмарин. Добро промешајте, нанесете по должината на косата и темето и оставете да делува 20 минути. Потоа исплакнете со млака вода.Сè што треба да направите е да земете еден прамен од косата и да го потопите во чаша со вода. Доколку влакната од косата плутаат на површина

Пронајдете не на следниве мрежи: