ТЕСТИРАЈТЕ СЕ: Одговорете на овие 5 прашања и дознајте дали ќе УМРЕТЕ МЛАДИ

Илјада пати досега сте виделе тестови кои тврдат дека можат да ви покажат уште колку ќе живеете. Иако лекарите се сложуваат дека ниеден тест не може да го открие тоа, тие велат дека сепак организмот дава некои сигнали кога не е се` во ред, а ние често ги занемаруваме.Сепак ова се некои знаци кои можат да укажат на сериозни здравствени проблеми.
Поставете си ги овие пет прашања и ќе дознаете дали е време да посетите лекар.
Дали сте секогаш жедни?
Нема ништо лошо во нормална и умерена жед, а редовното пиење вода може само да ви го продолжи и разубави животот. Меѓутоа, ако пречесто имате потреба за вода, ова може да биде првиот сигнал дека не е се` во ред.
Ако сте цело време жедни, тоа може да биде прв знак дека имате проблеми со шеќерот. Ова е сериозна, но многу тивка болест која често се прикрадува без знаци и може да доведе до уништување на организмот. Ако притоа имате и рани на кожата, ви трнeат нозете и тешко ви зараснуваат раните, задолжително проверете го шеќерот. За почеток би требало да ги исфрлите јаглените хидрати од исхраната, за секој случај, советуваат лекарите.
Дали имате болки во мускулите?
Помладите луѓе често болката во мускулите ја препишуваат на запаление, но тоа не мора секогаш да биде случај. Работите можат да бидат многу посериозни. За среќа, постои решение.
Ако шетате по улица и после 50 метри почувствувате силна болка во мускулите на потколениците и тоа се случи еднаш, не е проблем. Меѓутоа ако редовно ви се случува, време е да ги оставите цигарите и да појдете на невролог. Ова може да биде прв знак за многу посериозен проблем. Честата болка во мускулите секогаш треба да ја испитате кај лекар, затоа што може да биде знак за многу невролошки болести на кои се склони младите луѓе

 
Дали пречесто мокрите?
Ова е само за момците, бидејќи се работи за простатата. Ако навечер често одите во тоалет, тоа е јасен знак дека имате проблеми со простатата. Меѓутоа ова не е единствениот знак дека „таму долу“ нешто не е во ред. Треба да се обрне внимание и ако имате крв во урината или во спермата. И во двата случаи иако ништо не боли, се работи за сериозни сигнали. Веднаш посетете уролог.
Дали лесно се заморувате?
Сте тргнале на пешачење, но завршивте седнати на клупа. Се обидувате да го смирите дишењето и работата на срцето и ви се чини дека главата ќе ви експлодира? За жал, можно е да имате сериозен проблем. Лесното и брзо заморување може да биде знак дека нешто не е во ред со срцето или белите дробови. Ако не можете да одите во нормално темпо и истовремено да зборувате, посетете лекар.
Дали пушите и/или често се сончате?
Ова не се сигнали кои ви ги испраќа организмот, но ако одговорот на двете прашања е потврден – престанете, затоа што последиците може да бидат ужасни.
Пушењето сигурно ќе доведе до нарушување на здравјето и без дилема ќе ви го скрати животот. Сончањето, од друга страна, може да ви направи страшни проблеми со кожата и скапо да ве чиниСепак ова се некои знаци кои можат да укажат на сериозни здравствени проблеми.
Поставете си ги овие пет прашања и ќе дознаете дали е време

Пронајдете не на следниве мрежи: