Полицијата се уште трага по убиецот, нарачателот но и останатите вмешани во ликвидацијата на 28-годишниот Мартин Јанушев, кој викендот беше застрелан во скопската населба Аеродром.Од МВР засега не споделуваат детали од истрагата, коментирајќи дека работат на расчистување на случајот. Сепак, неофицијално се шпекулира дека полицијата има детали за крвавиот настан, односно добро им е познат идентитетот на сите вмешани во убиството.
„Фокус“ повикувајќи се на добро упатен извор, кој и лично го познавал убиецот, јавува дека убиецот на своето тело го имал истетовирано името на нарачателот. Како што појаснува изворот на Фокус, на раката на убиецот е истетовирано името на нарачателот. Оваа тетоважа убиецот ја имал од поодамна, а ја направил оддавајќи му чест на својот ментор и идол.
Според истиот извор, убиецот му се восхитувал и многу го почитувал нарачателот, поради што најверојатно и слепо ја извршил наредбата за ликвидација.
Според неофицијални информации, извршителот, момчето кое што било со него во моментот на убиството и нарачателот се кријат во Србија.Од МВР засега не споделуваат детали од истрагата, коментирајќи дека работат на расчистување на случајот. Сепак, неофицијално се шпекулира дека поли