Затворањето на фабриката „Југохром“, која што е извор на егзистенција на голем дел од граѓаните во Тетово и околијата, се покажува дека не е вистинско решение за проблемот со загадувањето, бидејќи Полог повторно има многу загаден воздух, пишува Нетпрес.Загадувањето на воздухот е болна тема и проблем со кој секоја зима со децении наназад се соочуваат граѓаните на земјава, а секако во тоа предничат поголемите градови. Главниот виновник за енормното загадување е емисија на штетни честички од согорување на јаглен и дрва, од издувните гасови од возилата, електраните, фабриките…
Според анализата на Светска банка, во Македонија повеќе од 1.350 смртни случаи годишно се припишуваат на загадувањето со ситни честички, а неколку илјади работни места се губат поради хроничен бронхитис, астма или прием во болница. Најкритични во Македонија се ПМ10 и ПМ2.5 загадувачките честички со дијаметар помал од 10 μm.
Во насока на ублажување и намалување на загаденоста, централната власт активираше повеќе проекти како оформување на регионални депонии, каде што современо ќе се третира отпадот, интервенција со увоз на посовремени возила, акции за пошумување (изминатите години се засадени повеќе од 30 милиони садници), потоа набавени се нови автобуси во Скопје, гасификација на Клиничкиот центар во Скопје, поставување на мерни станици… Додека, локалните власти со своите ингеренции ги засилија инспекциските служби за задолжението за поставување на соодветни филтри во индустриските капацитети, како и упатување препораки до граѓаните против загадување на воздухот.
Еден од најзагадените градови во земјава е Тетово, при што уште од минатата година едно од главните барања на низа граѓански протести беше да се затвори фабриката „Југохром“, со изговор дека е „еден од најголемите загадувачи во Полошкиот регион“, се додека не постави соодветни филтри предвидени во владиниот Оперативен план за оваа фабрика.
Од 1 ноември, Државниот инспекторат за животна средина донесе одлука за затварање на „Југохром“ бидејќи во предвидениот рок, кој истече на 31 октомври оваа година, се’ уште ги немаше поставено филтрите за отпрашување на воздухот. Локалната власт ја поддржа оваа одлука, со образложение дека работата на оваа фабрика во зимскиот период претставува проблем за сите граѓани од овој регион.„Југохром“ е затворен, но Тетово и понатаму е најзагадениот град во државава.
Употреба на огненото дрво и сообраќајот секаде се нотирани како едни од најголемите загадувачи на амбиенталниот воздух. Три четвртини од населението во Македонија секојдневно се грее или готви на дрва. Емисиите на јаглерод диоксид и цврстите честички како продукт на навиките на загревање на домовите, Македонија ја рангира на петто место во Европа според смртноста од загаден воздух, покажуваат извештаите на Светска банка.
Со оглед на тоа што најголем дел од домаќинствата во Полошкиот регион се загреваат со дрва, наведува на тоа дека сепак проблемот со загадување треба да се апсолвира многу пошироко од само ставање клуч на „Југохром“. А, за тоа локалната власт треба да преземе поголема одговорност и конкретно да почне да гради долгорочна стратегија за решавање на овој горчлив проблем кој неповратно влијае на здравјето на граѓаните.
„Југохром Фероалојс единствен и најголем загадувач“– тврдат во Eco Guerilla
Но, постојат и бројни аргументи против тврдењата на Eco Guerilla:
– Локацијата на автоматската мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух, која следи загадувања во радиус од 600-700 метри (оддалеченост на станицата е на пет километри од булевар со највисока фреквентност)– Струењето / движењето на ветерот (Ружата на ветровите)– Југоисточно движење на чадот од фабриката (поголемо влијание би имало над Скопје)– Неслучајна географска поставеност на фабриката – ПМ10 честичките од воздухот се спуштаат на земја после 4,2 километри од изворот (оддалеченоста на Тетово од Југохром е 14,4 километри).
„Југохром“ се наоѓа на 17 километри воздушна линија меѓу Јегуновце (кое се наоѓа покрај планината Жеден) и Тетово, сместено во подножјето на Шар Планина, на другата страна од Полог. Комбинатот е во близина на коритото на Вардар и, со тоа, Ружата на ветрови (што значи и на гасови) е во правец на движење на водата. Факт е дека и во првите два месеци од 2016 година кога во Југохром беа згаснати сите печки, воздухот во Тетово повторно беше меѓу најзагадените во земјата, а можеби и во регионот, со концентрација на ПМ10 честичките во просек од 213 микрограми на кубен метар. А, за споредба, во истиот период во 2015 година овие вредности биле просечно 352 микрограми на кубен метар. Од тој аспект, разликата е очигледна.
Битни фактори кои Тетово го ставаат трет на листата на најзагадени градови во светот (после Акра и Каиро), можеби и пред работењето на комбинатот, се, пред се’, енормно зголемениот сообраќај, особено во пазарните денови, зголемено сечење на шумите: користење на недозволени материи за огрев (авотмобилски гуми, пластика и слично); загревање на дрва, диви депонии…
Загаденост на воздухот во Тетово без работа на „Југохром“
– 24.12.2015 – 591,6 мг/м3 (Југохром со 60% искористеност на капацитети)– 28.01.2016 – 444,6 мг/м3 (Југохром воопшто не работи)– 09.02.2016 – 207,2 мг/м3 (Југохром воопшто не работи)
Затворањето на комбинатот не го прочисти воздухот
Дали затворањето на фабриката „Југохром“ која што е извор на егзистенција на навистина голем дел на граѓаните во Тетово и тетовско е вистинско решение за проблемот, допрва треба да се почувствува, иако последните информации не одат баш во тој прилог. Тетово се’ уште се гуши во загаден воздух, а од друга страна ќе се продлабочи негативниот економски аспект од отпуштањето на вработените, што пак несомнено ќе влијае лошо на домашната економија, БДП, извозот и слично…
Кратко за илустрација учеството во БДП од 1,0%. 7,5 % учество во вкупната металургија. 7% извоз на надворешен пазар (Италија, Австрија, Словачка, Унгарија, Германија и останатите балкански земји). На домашниот пазар, најголеми корисници се Макстил и Арчелор Митал.
„Југохром“ има 1.200 редовни вработувања, а над 5.000 индиректни вработувања од 10.000 жители на Општина Јегуновце. Половина од нив, на одреден начин, егзистираат од овој индустриски капацитет. Просечната плата во оваа фабрика е 330 евра.
СИЕР бара да се повлече забраната за работа
Синдикатот на Компанијата и Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството бара да се повлече забраната за работење, а институциите конечно и точно да утврдат кои се изворите на загадувањето, за да можат да се преземаат соодветни мерки.
Исто така, работниците да го задржат работниот статус до повторно вклучување на печките, односно да не се прекинуваат договорите за работа, а изградбата на филтрите да се забрза за што е можно поскоро да има услови за нормално работење.Загадувањето на воздухот е болна тема и проблем со кој секоја зима со децении наназад се соочуваат граѓаните на земјава, а секако во тоа предничат