Тетово е новиот Чернобил на Европа! 500 проценти над дозволената граница на загадување

Моментално во Тетово има енормно загадување со ПМ 10 честитки од 280 мг /м3, а максималната дозволена вредност е 50 мг / м3.Тетово не памети вака големо загадување во лето, затоа што во летниот период секогаш е намалено загадувањето, а се зголемува во зимскиот период.
Југохром веќе со месеци е затворен, а околу 700 луѓе се испратени дома. Но, иако Југохром е затворен, загадувањето во Тетово е огромно поради постојаните пожари во депонијата.
Градоначалничката Теута Арифи, ДУИ и СДСМ веќе со години не го решаваат овој голем проблем за граѓаните на Тетово, иако соработуваат во Советот на општина Тетово.
Разочарани се и граѓаните на Порој, кои за поплавите од Зоран Заев не добија ништо освен еден куп ветувања.
Дополнително во Тетово граѓаните без вода за пиење на 40 степени. Од 500 до 600 евра плаќа секое домаќинство во тетовската населба Дреноец, за снабдување со вода за пиење. Ова е единствено решение кое го имаат овие жители, кои со години, се соочуваат со недостиг на вода.
За иронијата да биде уште поголема 500-те куќи од оваа населба редовно ги плаќаат сметките на Јавното Комунално Претпријатие за услуги кои никогаш не ги користеле.
„Ова решение за приватно снабдување со вода, секое домаќинство го кошта најмалку 30.000 а достигнува и до 36.000 денари. Интересен е фактот дека иако приватно се снабдуваат со вода, овие домаќинства ги плаќаат и сметките на Јавното Претпријатие за водовод.“
“18 години сум во оваа населба и немам вода, носиме вода со трактори.Бев во водовод и му кажав да не ми праќаат сметки за вода, затоа што јас го плаќам тракторот, 10 евра за едно буре, буре и половина трошам во еден ден, 550 или 600 евра во месец.”
“Веќе две недели немаме ни капка вода.На општината му плаќаме а водата ја купуваме приватно, по две или по три буриња, немаме друго решение.Едно буре од 1000 литри 10 евра”.
Од Јавното Комунално Претпријатие стојат на ставот дека вода има но истата се злоупотребува од подолните населби.Во меѓувреме трајно решение за овој проблем се гледа само во пуштање во употреба на новиот систем на водоводот кој според нив се очекува да се случи на почеток од наредната седмица.Тетово не памети вака големо загадување во лето, затоа што во летниот период секогаш е намалено загадувањето, а се зголемува во зимскиот период.

Пронајдете не на следниве мрежи: